Британската компанија Џонсон Мети е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето. Џонсон Мети има операции во преку 30 земји во светот и вработува околу 12.000 луѓе. Секое трето ново возило во Европа има вградено катализатор произведен во Џонсон Мети Скопје.
„Џонсон Мети“ ја избра Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за авто-катализатори во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на Џонсон Мети во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и важи за најголем извезувач од Македонија. Инвестицијата изнесува €80 милиони, а иницијалниот број на вработувања беше над 350.
Во мај, 2012 година Џонсон Мети го одбележа започнувањето на големиот проект за проширување на дејноста во Македонија со изградба на втора фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Оваа инвестиција изнесува €65 милиони, која двојно го зголеми иницијалното производство и креираше над 500 нови работни места.
Во ноември 2025 година вкупниот број на вработени изнесува 755 лица.
Контакт: mkinfo@matthey.com
Американската компанија КЕМЕТ е со над стогодишна историја, со седиште и фабрика во Јужна Каролина, САД, која нуди најширок избор на технологии за кондензатори во индустријата, вклучувајќи проширен опсег на електромеханички уреди и решенија за електромагнетна компатибилност.
Во октомври, 2012 година, на парцела од 4.4 хектари, КЕМЕТ изгради нова фабрика во Технолошко Индустриската Развојна Зона Скопје 1 со површина од 44.267 метри квадратни, а вкупната инвестиција изнесуваше €30 милиони. Во оваа фабрика КЕМЕТ произведува кондензатори за автомобилската индустрија и разни индустриски апликации.
Во 2020 година, КЕМЕТ стана дел од Тајванската групација Јагео, која е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти со производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка и над 40 000 вработени ширум светот.
Во октомври 2024 година бројот на вработени изнесува 600 лица.
Контакт: YageoMacedoniaInfo@yageo.com
Италијанската индустриска групација Витило е присутна во Македонија во ТИРЗ Скопје 1 како Витек Доо Илинден, од 2011 година. Основна дејност на компанијата е производство на хидраулични црева за низок, среден и висок притисок, а производството од Македонија е наменето за цела Европа, земјите на заливот и Америка.
Вкупната инвестиција на компанијата изнесува 30 милиони евра.
Вкупниот број на вработени во Витек Доо Илинден во октомври 2024 година изнесува 203.
Контакт: info.vitek@mk.vitillo.eu
Светски познатиот белгиски бренд за производство на висококвалитетни автобуси, Ван Хоол ја изгради првата фаза на фабриката во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик во 2012 година, и отвори 800 работни места. Првиот произведен автобус ја напушти фабриката на 15 октомври 2013 година, со што Ван Хоол ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата. Во мај 2016 година Ван Хоол на истата локација во ТИРЗ Скопје 2 инвестираше во втора фаза на нов производствен погон и отвори дополнителни 400 работни места. Вкупните инвестиции во овој период надминаа 50 милиони евра.
Големото искуство на вработените во производството на квалитетни автобуси кои се произведувале во земјава во минатото, образованието на младите генерации во техничките училишта и солидните македонски универзитети се основата на квалитетот во производниот процес. Во фабриката се произведуваа патнички и градски автобуси главно за пазарите во Европа, САД и Канада.
Во март 2024 година производствениот погон во Скопје беше преземен од реномираната холандска Групација ВДЛ. Во август 2024 година компанијата беше преименувана во ВДЛ Ван Хоол Македонија, задржувајќи го брендот „Ван Хоол“ на своите производи.
Во ноември 2025, 1206 вработени работат во фабриката со големина од околу 80.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите купувачи, почитувајќи ги строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток компанијата постојано вложува напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбеди од локални извори. Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни компании, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија од прв ред.
Контакт: macedonia@vdlvanhool.com
Адиент е глобален лидер во производство на автомобилски седишта. На преку 200 локации во светот, со повеќе од 70.000 вработени во 29 земји во светот Адиент произведува и доставува автомобилски седишта за најголемите производители во авто-мото индустријата. Од целосни системи за седишта, со одделни компоненти за пена, навлаки и метал, експертизата на Адиент го опфаќа секој чекор од процесот на создавање на седишта за возила. Интегрираните вештини овозможуваат грижа за продуктите од истражување и дизајн до инженерство и производство – за милиони возила секоја година. 31 октомври 2016 година го означува моментот кога компанијата започна да тргува на Њујоршката берза – и денот кога официјално станува Адиент. Првично познати како Џонсон контролс, Адиент има повеќе од 30 години искуство, експертиза и извонредност.
Во октомври, 2011 година Адиент го започна својот инвестициски проект за нова фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Инвестицијата со крајот на 2023 изнесува повеќе од €27,3 милиони, а бројката на вработени на почетокот на ноември 2025 година изнесува од 1464 лица.
Во јуни 2017 година, во Технолошко-индустриската развојна зона Струмица беше отворена уште една фабрика на Адиент, којашто е прв капацитет во ТИРЗ Струмица, а каде се произведуваат навлаки за автомобилски седишта. Инвестицијата изнесува повеќе од €20 милиони, а бројката на вработени на почетокот на ноември 2025 изнесува 1193 лица.
Грижата за вработените и условите за работа според сите светски стандарди и за двете Адиент фабрики во Македонија се сертифицирани од страна на престижниот институт Top Employer, за Најдобар работодавач за Македонија и Европа за 2023 и 2024.
Преку учество на саеми за вработување и соработка со универзитети и средни училишта Адиент ширум ги отвора вратите за најдобрите таленти и им нуди можности за раст и развој.
Адиент повеќе од 12 години значајно придонесува за локалната и националната економија, ја поддржува заедницата преку бројни донации во здравството, заштитата, ранливите групи, и дава значаен придонес кон зачувување на животната средина, сѐ со цел поубава и позелена иднина на генерациите што доаѓаат.
Контакт: ae-ag-eur-mk-info@adient.com
Техникал Текстајлс е германска компанија која во Македонија е формирана во 2015 година и произведува фиберглас мрежа за изолациони системи и фасади, како и градежни додатоци. Традиционалниот квалитет на производство ги исполнува највисоките европски стандарди за што компанијата е и меѓународно сертифицирана. Флексибилноста во производството е нивната главна предност – нудејќи одлични услуги преку својот пријателски настроен персонал.
Производствениот капацитет во ТИРЗ Штип е опремен со најсовремена опрема и машински парк за обработка, подготвен да одговори на сите барања на клиентите со капацитет за целосно исполнување на ново отворените пазари. Техникал Текстајлс Македонија работи на сите европски пазари и Блискиот Исток.
На почетокот на ноември 2025 година бројот на вработени е 186 лица.
Контакт: info@techtex.mk
Макдиа, фирма ќерка на италијанската Diatec Group е основана во август 2014 година во ТИРЗ Скопје 1 со цел да ги развие пазарите на конфекцијата во Источна Европа и во Медитеранот, искористувајќи ја својата стратешка позиција.
Благодарение на сопствените производни линии, Макдиа може да обезбеди целосен асортиман на производи од индустријата за облека: HDPE филмови, стандардни и термолепливи плотер-хартии, перфорирани хартија и други производи за кројачките сали. Производството е наменето за пазарите на Југоисточна Европа, Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка.
Големината на оваа инвестиција изнесува €10 милиони, а на почетокот на ноември 2025 година бројот на вработени изнесува 27.
Контакт: info@makdia.mk
Kомпанија АРЦ Аутомотив со седиште во Соединетите Американски Држави во Ноксвил, Тенеси, е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња. Зафаќа површина од 22.168 метри квадратни. По неполна година од донесената одлука за инвестирање, поточно во декември, 2015 година „АРЦ Аутомотив“ отвори фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња во Македонија, лоцирана во ТИРЗ Скопје 1, инвестиција во вредност од €22 милиони. На почетокот на ноември во 2025 година бројот на вработени е 359 лица.
Компанијата е извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар. Фабриката поседува најмодерна опрема и високо софистицирани производни линии со што е предизвик за сите стручни кадри од Македонија кои ќе се пронајдат во нејзино работење.
| Контакт: | info@arcautomotive.com.mk |
Италијанската компанија „Кондево“ е лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски реномирани производители на бојлери. Компанијата нуди широк спектар на компоненти кои ги задоволуваат најсовремените технички услови и концепти во овој сектор. „Кондево“ е присутен на европскиот пазар од 1969 година. Големината на парцелата на инвестицијата е 49 382 метри квадратни.
Во септември, 2015 година, италијанската компанија „Кондево“ започна да ја гради својата нова фабрика во Македонија лоцирана во Технолошко Индустриската Развојна Зона Штип. Големината на првичната инвестиција изнесува €30 милиони, а потпишувањето на вториот договор во декември 2022 изнесуваше 33.5 милиони евра.
На почетокот на ноември во 2025 година има 184 вработени.
Контакт: info@condevo.mk
Хај–тек Асембли Центар е првата домашна компанија која донесе одлука за инвестирање во Македонија, чиј основач и сопственик е Хај-тек Корп од Скопје. Нејзините производи се применуваат во автомобилската, воздухопловната и воената индустрија, како и производството на медицинска опрема. Клиентите на оваа македонска компанија се глобални брендови, како што се Continental, Siemen, Bosch и Philips.
Во февруари 2016 година, беше поставен камен темелник на фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Како добавувач на голем број светски компании од автомобилската индустрија во делот на електронски плочи, со својата нова дејност во ТИРЗ, компанијата оди чекор понатаму и од претежно прототипско поминува на сериско производство, односно диверзификација на дејноста асемблирање на електронски плочи. Производството вклучува употреба на електронски печатени плочи како основа на која понатаму се асемблираат компоненти од типот на микропроцесори, отпорници, кондензатори, транзистори конектори и сл.
Големината на парцелата на фабриката изнесува 18.861 метри квадратни. Според бизнис планот, вредноста на инвестицијата изнесува околу 6.6 милиони евра. На почетокот на ноември 2025 година бројот на вработени во оваа компанија во ТИРЗ Скопје 1, изнесува 106 лице, а се очекува тој број да достигне околу 300 вработувања.
Производите од компанијата во целост се наменети за странските пазари, а во најголем дел истите се извезуваат во Германија, Скандинавските земји, Швајцарија и Велика Британија.
| Контакт: info@htac.com.mk |
Американската компанија Леар Корпорејшн е водечки глобален застапник за навлаки за седишта за автомобили и електрични дистрибутивни системи.
Леар Корпорејшн ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот, а нивните производи се застапени во повеќе од 350 видови на возила. Производите на Леар кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од стручен тим кој брои околу 140.000 вработени, распределени во 36 земји.
Фабриката во Македонија е лоцирана во ТИРЗ Тетово на површина од 12.000 квадратни метри со инвестиција вредна над €15 милиони. Површина на парцелата е 33.073 метри квадратни. Располага со врвна машинерија, производни капацитети (за сечење кожа и платно), магацин и канцелариски простории.
На почетокот на ноември 2025 година бројот на вработени во Леар Македонија изнесува 1515 лица.
| Контакт: VJovanovikjmicevikj@lear.com |
Инјецтион Моулдинг Прилеп ДООЕЛ е странска директна инвестиција на германската компанија ACCOMPLAST GmbH и нејзина 4-та ќерка, основана во Март 2015 година, во Прилеп, Македонија, како регионален добавувач за вбризгано лиење на пластични компоненти специјализирани за автомобилската индустрија. Инјецтион Моулдинг Прилеп е дел од Labone Holdings LTD. која што се состои од 7 компании дисперзирани на повеќе локации – Германија, Чешка, Украина, Велика Британија и Македонија.
На 14-ти Јануари 2016 година, на парцела од 22.000 m² во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци, во близина на Прилеп, Инјецтион Моулдинг Прилеп го постави камен-темелникот за производство на автомобилски делови и официјално ја започна својата инвестиција во вредност од 3 милиони евра. Во 2017 година, Инјецтион Моулдинг Прилеп официјално започна со производство на пластични компоненти за познати компании од автомобилската индустрија како Mercedes-Benz Group AG, BMW, VW, Audi, Bentley, Volvo, Jaguar и Porsche. На почетокот на ноември 2025 година, бројот на вработени изнесува 35 лицa со планирани 200 нови вработувања.
Контакт: office@imp.mk
Џојсон Сејфти Системс, позната како поранешно Ки Сејфти Системс е кинеска компанија која развива и произведува автомобилски сигурносни системи. Компанијата е резултат на соединување помеѓу КСС и Таката Корпорација. Седиштето на компанијата е во Оберн Хилс, Мичиген, во Соединетите Американски Држави.
Џојсон Сејфти Системс ја одбра Македонија во 2014 година за проширување на производството во Европа. Големината на инвестицијата изнесува 27 милиони евра, а компанијата првично започна со производство на перничиња за воздушни перничиња и модули.
Глобалниот снабдувач на напредни автомобилски безбедносни системи и компоненти започнаа со работа во објект во Кичево како браунфилд инвестиција во 2015 година, а од 2016 година продолжи со производство во гринфилд објект во слободната зона Кичево на површина од 13,600m². Вкупна површина на парцелата е 42 154 метри квадратни.
Џојсон Сејфти Системс е во сопственост на Нингбо Џојсон Електоник познат како Кинески автомобилски конгломерат кој ја презема Ки Сејфти Системс во 2016 година. Компанијата е светски лидер во изработка, развивање и произведување на надувувачи, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси. На глобално ниво има интернационална мрежа со 34 продажни, дизајнерски и производствени објекти во кои се вработени околу 50.000 луѓе ширум светот.
На почетокот на ноември во 2025 година, 1434 луѓе се вработени во компанијата, а се предвидува оваа бројка да достигне и до 1500 луѓе.
Контакт: Macedonia.JSS@joysonsafety.com
Американската корпорација Гентерм е лидер во областа на термалната технологија и најголем добавувач на системи за греење и ладење на седишта и управувачи, електроника и кабли.
Производството на Гентерм Северна Македонија ДООЕЛ Прилеп е инсталирано од страна на голем број светски брендови како што се BMW, Mercedes, Volkswagen и други.
Компанијата се наоѓа на 12 различни локации и има повеќе од 11.000 вработени ширум Светот. Во 2016 година компанијата официјално започна со работа во Технолошко индустриска развојна зона Алинци во Прилеп, и е првата странска инвестиција во ТИРЗ зоната во Пелагонискиот регион.
Во првата фаза на инвестиција изграден е производствениот погон на површина од 912m2, а денес вкупната инвестиција изнесува повеќе од 40 милиони евра, на површина од 22.459m2.
Бројот на вработени на почеток на месец ноември 2025 година изнесува 1984, со што Гентерм Северна Македонија ДООЕЛ Прилеп е и е најголемиот работодавач во околината на градот Прилеп.
Контакт: info.macedonia@gentherm.com
Американската компанија „Делфи“ е водечки глобален снабдувач за автомобилскиот и пазарот за комерцијални возила. Таа е меѓу првите 15 најголеми глобални добавувачи од автомобилската индустрија со годишен обрт од над €17 милијарди. Има 146 илјади вработени низ целиот свет со 126 производствени погони и оперативна е во над 33 земји.
Во март, 2017 година овој американски автомобилски гигант го подели својот бизнис на две независни компании: „Делфи Технологии” и „Аптив”. „Делфи“ преименува дел од својот бизнис кој е фокусиран на автоматизирано возење и електрификација, нарекувајќи го новиот ентитет „Аптив”, со што го формализираше одвојувањето на тој аспект на својата компанија од делот фокусиран на повеќе традиционални мотори.
Во декември, 2015 година Аптив донесе одлука да инвестира во фабрика во Македонија, лоцирана во ТИРЗ Скопје 1 за производство на најнова технологија на модул за возила кој се вградува низ Европа и за соработка со другите капацитети на Делфи во регионот за да се обезбеди ефикасност и флексибилност за клиентите. Големината на парцелата е 53.998 метри квадратни.
Делфи е фокусирана на испорака на висок квалитет, водечки индустриски технологии кои им помагаат на производителите да постигнат повисок електронски и безбедносен систем.
Вредноста на оваа инвестиција изнесува €30.3 милиони, со 534 вработувањa на почетокот на ноември 2025 година во Македонија.
Контакт: aptivmacedonia@aptiv.com
ОДВ-ЕЛЕКТРИК е семејна германска компанија основана во Steinau an der Straße, Hessen, во 1970 година која моментално вработува над 3000 вработени во: Германија, Унгарија, Украина, Македонија, Мексико и Тунис. Фирмата е специјализиран, иновативен партнер за развој и снабдувач на висококвалитетни кабли, соленоиди и мехатронички системи (за познатите брендови како Порше, Мерцедес, Ауди, БМВ, Форд, Рено и други) со постојано проширување на асортиманот на производи како и подобрување на производните процеси.
ОДВ-ЕЛЕКТРИК Македонија започна со мал погон во 2014 година, со 10 вработени и јасна визија за раст преку инвестирање во технологија и вложување во вработените и нивниот развој.
Во 2017 година официјално се лоцира во Технолошко-индустриската развојна зона во Охридско-Струшкиот Регион.
Денес, 2024 година, фабриката во Македонија е најголема, најпрофитабилна и технолошки најсофистицирана во групацијата на ОДВ-ЕЛЕКТРИК, при што бројот на вработени во месец ноември 2025 е 765 вработени, а се очекува истиот континуирано да расте и натаму.
Контакт: office@odw-elektrik.com
Групацијата ВИК е глобална компанија за производство на електрични апарати со седиште во Хонг Конг и Есен каде се стационирани центрите за иновации, дизајн и развој. Основана е во педесеттите години, а веќе има производствени капацитети во Кина и во Индонезија. Компанијата има 5.000 вработени со 350 инженери.
Во ноември, 2016 година е донесена одлука да инвестира во Македонија.
Во јули, 2017 година ВИК започна со изградба на производствен капаците во ТИРЗ Прилеп со цел производство на електрични апарати. Целото производство е наменето за извоз во Европа.
Капацитетот е на површина од 63 341 квадратни метри. Инвестицијата изнесува €11.6 милиони со предвидени 1.200 вработувања.
На почетокот на ноември 2025 година бројот на вработени изнесува 551 лица.
Контакт: info.mk@wik-group.com
Турската компанија Чагатај Кабло е основана во 1998 година за производство на жици и кабелски инсталации претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди, машини за чистачи и специјални аеродромски возила.
Во мај, 2017 година освен фабрика во Турција, Чагатај Кабло донесе одлука за изградба на нова фабрика во Македонија со вредност на инвестиција во висина од €5 милиони. Компанијата закупи парцела во ТИРЗ Скопје 1 со големина од 26.000 метри квадратни и во 2018 година започна со производство.
Компанијата во Скопје исто така е добавувач на холандскиот производител на автобуси ВДЛ-Ван Хол кој што исто така е присутен во овој индустриски комплекс. Ова е значајно бидејќи останатите компании со странски капитал во Македонија, пред се ВДЛ-Ван хол, набавуваат резервни делови од оваа фабрика, наместо да ги увезуваат од странство.
Чагатај Кабло во ТИРЗ Скопје 1, на почетокот на ноември 2025 година има вработено 167 лица.
| Контакт: mk.manager@cagataykablo.com |
Реномираната швајцарска компанија БАУМЕР во 2018 година донесе одлука да инвестира во производствен капацитет во Македонија, поточно во ТИРЗ Скопје 1 со вредност од над 5 милиони евра.
БАУМЕР е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, енкодери, мерни инструменти од областа на електрониката. Компанијата е присутна со 39 подружници низ 19 земји од светот со над 2,800 вработени. Во ноември 2025, компанијата брои вкупно 63 вработени во производствениот погон како и во истражувачкиот центар во кој работат инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија. БАУМЕР успешно го шири својот капацитет во Македонија како резултат на позитивното искуство од досегашното работење со тимот во државата.
Контакт: info.mk@baumer.com
Турската компанија Мurat Ticaret започна со изградба на фабриката во ТИРЗ Скопје 2 во јули 2018 година и најави инвестиција од 5,5 милиони евра. Компанијата произведува кабли и електрични инсталации за автомобилската индустрија, а производите се наменети за европскиот и американскиот пазар.
Основана во 1969 година и приклучувајќи се на групацијата Volex Plc во септември 2023 година, компанијата работи со вкупно 2000 вработени во различни фабрики во Европа, Северна Америка, Турција, Кина и Мексико.
Во фабриката во Македонија, која работи под името Murat Wiring System, на почетокот на ноември 2025 година има 170 вработени, а планирано е да се вработат вкупно 300 лица.
Контакт: info@muratws.com
На почетокот на 2019 година, Гересхајмер, иновативен снабдувач на системи и решенија и глобален партнер за фармацевтската, биотехнолошката и козметичката индустрија со седиште во Германија, донесе одлука да инвестира во нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2, потпишувајќи договор за закуп на земјиште, а веќе во октомври истата година ја одбележа церемонијата за поставување на камен темелник.
За Гересхајмер, ова беше прв производствен објект во Југоисточна Европа. Северна Македонија беше избрана од страна на Гересхајмер поради поволните деловни услови, обучениот кадар, добрата инфраструктура, атрактивната структура на трошоци и одличната поддршка од институциите.
Фабриката, која започна со производство во 2020 година, првично зафаќаше 12.500 м², но неодамна беше проширена на 20.000 м². Објектот вклучува модерни чисти простории со ISO класа 7, 8 и 9 со површина од околу 10.000 м².
Досега, Гересхајмер има инвестирано висока двоцифрена сума во милиони евра во објектот, каде што произведува системи за испорака на лекови и други медицински уреди изработени од пластика, како и стаклени шприцеви подготвени за употреба. Во 2024 година, фабриката вработува повеќе од 200 квалификувани лица од Република Северна Македонија, а нови вработувања се во тек. Исто така, компанијата има воспоставено дуална програма за обука за ученици и соработува со Универзитетот во Скопје.
Со 35 производствени локации во 16 земји низ Европа, Америка и Азија, Гересхајмер има глобално присуство и произведува локално за регионалните пазари. Компанијата нуди обемно портфолио на решенија за фармацевтски контејнери, системи за испорака на лекови и медицински уреди, како и решенија за здравствената индустрија. Производствениот асортиман вклучува дигитални решенија за поддршка на терапија, пумпи за лекови, шприцеви, пенкала, авто-инјектори и инхалатори, како и шишиња, патрони, ампули, контејнери за таблети, инфузиони шишиња, капалки и шишиња за сируп и многу повеќе. Гересхајмер обезбедува сигурна испорака и доверливо администрирање на лековите до пациентот. Со околу 12.000 вработени, компанијата во 2023 година оствари приходи од околу 2 милијарди евра.
Бројот на вработени на почетокот на октомври 2025 година достигна 274 лица.
Контакт: info.skopje@gerresheimer.com
Ипротекс е германска компанија од автомобилската индустрија која донесе одлука да инвестира во ТИРЗ Скопје 1 на 20 јануари, 2021 година кога беше потпишан договорот за државна помош, со кој оваа компанија, дел од групацијата Innotech & Iprotex, се обврза на инвестиција од 3.75 милиони евра и отворање на 100 работни места. На почетокот на ноември во 2025 година има 75 вработени лица.
Во фабриката во ТИРЗ Скопје 1 оваа компанија пресели дел од производството и технологијата од Германија, воведе нова технологија, поточно производствена линија за екструзија на монофиламенти, што е целосно нова област во портфолиото на компанијата.
Фирмата Ипротекс е формирана со седиште во Германија од 1999 година. Има 6 фабрики коишто се на 4 различни континенти, 2 продажни претставништва. Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, за технички текстил и термо изолациони материјали. Ипротекс во последно време работи на истражување и усовршување на нови техники за термо-техничка изолација на автомобилската индустрија, а во 2019 година е воспоставен нов договор со Европската вселенска агенција и со НАСА за изработка на обвивки за сателитските приемници на вселенските летала.
Контакт: contact@iprotex-nmk.com
Турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во февруари 2021 година, го потпиша договорот за државна помош за реализација на инвестиција во ТИРЗ Скопје 2.
Реализацијата на оваа инвестиција започна во 2019 година, а подготовка на земјиштето на 1 јули 2020 година и за период од 7,5 месеци завршени се 75% од изградбата на објектите. Површината на градежно земјиште под закуп за Пурпласт е 26.000 m2, во првата фаза се искористени 50% од земјиштето (Фаза 2 се очекува за 2025 година). Има вкупно 12.000 m2 затворена површина: административна зграда на 2 спрата со вкупно 1.600 m2 и производна сала, технички простории: вкупно 10.400 м2.
Компанијата Пурпласт е еден од локалните партнери на уште еден странски инвеститор во земјата, Ван Хол, а во портфолиото на нивните производи е големо и опфаќа производство на делови за ентериер (командна табла, навлаки, разделни ѕидови, тавански тапацир, рачки, волани), екстериер на комерцијални возила (браници, предна и задна маска, странични панели, кровни панели), како и производство на седишта (патнички вагони, градски автобуси и камиони).
Планираниот број на вработени во компанијата изнесува 300 лица. На почетокот на ноември 2025 година има 125 вработени.
| Контакт: info@purplast.mk |
Германската компанија Костал е глобален лидер во понудата на технолошки напредни електронски, електромеханички и механичко-електронски производи за големи индустриски производители. Компанијата е присутна на 42 локации во светот на 5 континенти и брои персонал од над 18.000 луѓе.
Во декември, 2014 година, компанијата ги објави своите планови за зголемување на производните капацитети во Европа преку својата инвестиција во Македонија. Според планот, компанијата започна со производство во октомври, 2016 година, како браунфилд инвестиција лоцирана во поранешен ЕМО, во Охрид во производствени погони од околу 25. 000 метри квадратни. Клиенти на Костал се познати светски автомобилски брендови како BMW, Daimler, Porsche, Tesla, Rolls Royce, Bentley.
На почетокот на ноември 2025 година вработени се 1224 лица.
| Контакт: komak@kostal.com |
АСПЕКТУС ФАРМА е македонска фармацевтска компанија која произведува генерички лекови во таблети, вклучувајќи како производство на целосен циклус така и секундарно пакување.
Компанијата моментално е фокусирана на развој на пазарот во Македонија и во Балканскиот регион, а има за цел да соработува со меѓународни фармацевтски компании во областа на договорното производство.
АСПЕКТУС ФАРМА има национален GMP сертификат, фабриката се наоѓа во зоната ТИРЗ Скопје 1 и започна со работа во 2011 година на парцела со големина од 25.040 метри квадратни, при што во развојот на компанијата беа вложени повеќе од 10 милиони евра.
Бројот на вработени во ноември 2025 година е 28 лица.
Контакт: office@aspectus-pharma.mk
Канадската компанија MAGNA MIRRORS SOUTH-EAST EUROPE ДООЕЛ, лоцирана во ТИРЗ Струга на површина од 47.400 m², е позната по своето производство на огледала и технолошки компоненти кои ги задоволуваат барањата на автомобилската индустрија. Забележителни клиенти се General Motors, Ford, BMW, Toyota, Volkswagen, Honda и мноштво други истакнати брендови. Изградбата на овој објект беше сведок на инфузија од 20 милиони евра инвестиција. Во текот на ноември 2025 година има 1067 вработени.
Паралелно, во ТИРЗ Штип, лоцирана е „Magna Mechatronics“, каде производот е автомобилска брава. Ова е значителна инвестиција вредна 40 милиони евра, која на почетокот на ноември 2025 брои 350 вработени.
Контакт: info.mk@magna.com
Текнопанел e турска групација во чии рамки работат 4 индустриски брендови и тоа Teknopanel Sandwich Panels, Deltapan, Teknopor EPS Products и Teknosistem Exterior Thermal Insulation Systems. Групацијата има 498 вработени и е една од водечките компании во Европа со напредно технолошко производство и капацитет од 13,5 милиони м² сендвич панели и 1,6 милиони м³ стиропорни изолациони табли. Извезуваат во 106 земји во Азија, Европа, Африка, Северна и Јужна Америка. Индустриската комора на Истанбул осум години по ред ја вбројува Текнопанел во листата Топ 500 водечки индустриски компании во Турција.
Текнопанел ќе инвестира 19,6 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1, на градежно земјиште со големина од 55.044 м². Според инвестицискиот план и финансиски проекции, Текнопанел ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 170,5 милиони евра во следните 9 години. Во ноември 2025 година вкупниот број на вработени изнесува 99 лица.
Киел е водечки производител на комплетни решенија за седишта за автобуски и железнички јавен превоз. Компанијата е постоечки инвеститор во Северна Македонија од 2017 година. Успешниот раст на компанијата доведе до дополнително проширување на нивното портфолио, а поради успешниот проект комплетираа дополнителна инвестиција во ТИРЗ Тетово кон средината на оваа година. Киел Македонија во целина планира да инвестира околу 9,2 милиони евра во новиот производствен капацитет во ТИРЗ Тетово, на градежно земјиште со големина од 32.889 m². Според инвестицискиот план и финансиски проекции, Киел Македонија ќе отвори дополнителни 150 работни места, со очекуван вкупен извоз од над 160 милиони евра во наредните 5 години. Вкупниот број на вработени во ноември 2025 изнесува 154 лица.
Белгиската компанија Авеста Батери и Енерџи Инженеринг, е инженерска компанија специјализирана за изнаоѓање напредни иновативни решенија за батерии и батериски системи за автомобилски и стационарни апликации.
Според проекциите, севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево и 600 нови работни места, а просечната бруто плата ќе изнесува 1500 евра. Дополнително оваа компанија планира да развие нова палета на производи кои ќе го прошират портфолиото на производи на АБЕЕ, а производствениот капацитет на компанијата ќе биде 300.000 единици годишно.
Авеста Батери и Енерџи Инженеринг во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на Батериски менаџмент системи (БМС) и системи за енергетска електроника.
Линамар Корпорација е глобална производствена компанија на високо конструирани производи, основана во Канада во 1966 година. Оваа компанија денес поседува 61 фабрика со околу 27000 вработени. Сите фабрики се опремени со најсовремена технологија и производствена експертиза, создавајќи решенија кои ги движат возилата, работата и животот воопшто кон иднината.
Сегментот за придвижување е фокусиран на системи за погон, структурни системи и шасии, носачи на батерии и производство на батерии за глобалните електрични возила, како и за возила со традиционално напојување. Оперативно, мобилноста е организирана во три регионални групи: Северна Америка, Европа и Азија Пацифик и новата група производи Линамар Стрекчерс. Групацијата нуди конкурентни иновации за лесни, безбедносно битни компоненти и системи за глобалниот пазар на мобилност.
На пазарот во Македонија доаѓа во август 2023 година со преземање на сопствеништво на веќе постоечката фабрика на ДУРА Аутомотиве Стрекчерс во ТИРЗ 2 Скопје која произведуваше структурни компоненти, односно носачи на батерии за возила на електричен погон.
Компанијата во ноември 2025 година локално брои 150 вработени со погон со најсовремена технологија.
Контакт: info.structures.ilinden@linamar.com
Германската групација БМЗ е лидер во обезбедување цел животен циклус на литиум-јонски батериски системи со примена во различни индустрии. Со седиште во Карлштајн, Франкфурт и дополнителни производствени капацитети во Кина, Полска и САД, како и филијали во Јапонија, ОК и Франција, групацијата брои повеќе од 2.300 висококвалификувани вработени.
Во септември 2023, БМЗ потпиша договор за инвестиција вреден 65 милиони евра, со што се предвидени 775 нови работни места во Технолошко Индустриската Развојна Зона Скопје 2. Со проектирањето на годишен извоз од над 360 милиони евра, во новиот капацитет, ќе се врши сериско производство на батериски производи, а вкупната инвестиција ќе се реализира во период од 10 години.
Изградбата на фабриката веќе е започната и планирано е да заврши најдоцна до Јуни 2025 година. Во ноември 2025 година вкупниот број на вработени изнесува 125 лица.
Контакт: info-mkd@bmz-group.com
Компанијата Шахтерм има повеќе од 40 години искуство во дизајнирање и производство на системи за греење за бела техника и електрични апарати. Во моментов „Шахтерм“ е една од петте водечки компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за турскиот пазар.
Листата на клиенти ја сочинуваат светски познатите производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.
Со свечено поставување на камен темелник во мај 2025, официјално се означи отпочнувањето на градежните активности на инвестицијата вредна 25 милиони евра, со отворање на 200 нови работни места само во првата фаза. Планот е да има и втора фаза каде што вкупната вредност ќе изнесува 50 милиони евра со број на 500 вработени, претставувајќи првиот производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.