Остварена средба со претставници на организацијата Македонија 2025 и Фондацијата за демократија на Вестминистер (ВФД)

Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со претставници на организацијата Македонија 2025 и Фондацијата за демократија на Вестминистер (ВФД). Средбата, која претставува продолжение на разговорите започнати годинава, се фокусираше на можностите за продлабочување на соработката и унапредување на иницијативите насочени кон поттикнување на економскиот развој и привлекување нови инвестиции. Димовски ги посочи тековните активности на […]
Директорот Гоце Димовски дел од Македонско-јапонскиот бизнис форум во Скопје, остварени бизнис средби со водечки јапонски компании

Со цел продлабочување на економската соработка со Јапонија, директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на од Македонско-јапонскиот бизнис форум “LinkUP”, организиран од страна на јапонската амбасада во Македонија. Настанот беше отворен од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара. Воедно, говорници беа и бројни претставници […]
Директорот Димовски на работна средба со Владата и Советот на странски инвеститори во Стопанската Комора

Директорот Димовски денес присуствуваше на првиот квартален состанок за 2026 година на Советот на странски инвеститори со претседателот на Владата и економскиот тим на Владата, во Стопанската Комора, каде се разговараше за потребите, предизвиците и можностите за подобрување на бизнис климата во државата. На средбата беа разменети мислења и конкретни предлози за натамошно подобрување на […]
Директорот Гоце Димовски во посета на фабриката Кемет во ТИРЗ Скопје 1

Во рамки на концептот за активна комуникација со сите инвеститори, директорот Гоце Димовски денес ја посети фабриката Кемет во ТИРЗ Скопје 1, при што беше остварена и работна средба со менаџментот, каде се разговараше за досегашните резултати, како и можностите за проширување на инвестицискиот проект на оваа компанија. Димовски истакна дека континуираниот развој на постојните […]
Остварена средба со менаџментот на компанијата Cavo Otomotiv, плановите за инвестиција во напредна фаза

Директорот Гоце Димовски денес оствари средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Cavo Otomotiv која планира да отвори фабрика во рамките на ТИРЗ Тетово. На средбата се разговараше за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, потенцијалите кои ги нудат зоните, како и условите и поддршката што […]
Остварена средба со Фондацијата за демократија на Вестминистер (ВФД)

Во насока на спроведување на програмата „Системски пристап кон циркуларната миграција и економски инвестиции“, поддржан од Шведска, директорот Гоце Димовски оствари средба со Петар Трајков и Стефани Спировска, програмски менаџери во Фондацијата за демократија на Вестминистер (ВФД). Средбата опфати дискусии за поддршка и развивање на потенцијалот за реинвестирање на дијаспората во земјата, односно во рамки […]
Успешна средба со Heidelberg Postpress, плановите за потенцијална инвестиција во напредна фаза

Во насока на развој на плановите за потенцијална инвестиција на германската Heidelberg Postpress, која беше најавена минатиот месец, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата. На средбата се разговараше за конкретните услови и можностите за реализација на инвестицијата, потенцијалната локација во рамки на ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип, динамиката на имплементација, како и за […]
Остварена средба со компанијата MG Precast

Директорот Гоце Димовски оствари средба со менаџментот на MG Precast, компанија за изработка на бетонски елементи. Средбата опфати дискусии со фокус на понатамошна соработка и разгледување на можностите за потенцијална инвестиција. Директорот Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ во соработка со Владата, континуирано работи на привлекување инвестиции кои носат додадена вредност за националната економија, стабилни […]
Остварена средба со Мисти Рајс, извршен директор за владини работи на Магна Интернационал

Директорот Димовски денес оствари успешна средба со Мисти Рајс, извршен директор за владини работи на Магна Интернационал, компанија која во државата веќе има две фабрики во рамки на ТИРЗ Струга и ТИРЗ Штип. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата на глобално ниво, напредокот во Македонија, како и можностите за нови потенцијални инвестиции. […]
Остварена средба со компанијата „Zenith Water Heater“, нова потенцијална инвестиција

Директорот Гоце Димовски оствари средба со Куреш Мукадам, сопственик на компанијата „Zenith Water Heater“, светски лидер во производството на висококвалитетни системи за греење вода. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, како и можностите за инвестирање во рамки на зоните. Директорот Димовски ги претстави инвестициските можности кои ги нуди државата преку ТИР зоните, […]