Директорот Димовски дел од деветтиот Балкански економски форум

Во организација на турското друштво на бизнисмени РУМЕЛИСИАД и компанијата Шахтерм, денес се одржа деветтиот Балкански економски форум каде учество земаа бројни високи претставници на јавниот и приватниот сектор, меѓу кои и директорот Гоце Димовски.

Димовски успешно ги презентираше можностите за инвестирање кои ги нуди Македонија преку Технолошките Индустриски Развојни Зони, нагласувајќи ја успешната соработка со Република Турција како еден од стратешките партнери. Тој ја потенцираше посветеноста на Дирекцијата заедно со новата влада за создавање уште подобри услови за странските инвеститори, што дополнително ќе ја зајакне позицијата на Македонија на мапата за СДИ.

Во рамки на презентацијата Димовски ги посочи поволностите кои ги нудат зоните во поглед на даночните олеснувања, развиената инфраструктура, брзата административни процедури и пристапот до квалификувана работна сила. Тој истакна дека овие фактори се клучни за зголемување на конкурентноста на Македонија како инвестициска дестинација и за привлекување на долгорочни и одржливи странски директни инвестиции.

Учеството на ваквите форуми има активна улога во подобрување на инвестициската структура, како и во зајакнувањето на економските врски со Турција.