Претставници од Стопанскта комора на Дубаи во посета на ТИРЗ Скопје, продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и ОАЕ
Согласно продлабочување на билатералната соработка со Обединетите Арапски Емирати, а по успешната презентација на инвестициските можности кои ги нуди Македонија и ТИРЗ пред стопанската комора на Дубаи во април годинава, денес се одржа координативен состанок со експертски тим на Комората.
На состанокот се разговараше за конкретни чекори пред реализацијата на посетата од страна на претседателот и извршен директор на Комората на Дубаи, Мохамед Лута. Фокусот беше ставен на размена на информации и предлози за конкретни иницијативи, приоритетните можности за соработка, како и идентификација на потенцијални инвестициски проекти.
Директорот Димовски изрази задоволство од интересот за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји. Тој потенцираше дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на обезбедување поволна и предвидлива деловна клима, фокусирана на потребите на инвеститорите и поддршка за стабилен и одржлив раст.
Во рамки на подготвителната мисија, претставниците на Стопанската комора на Дубаи остварија и обиколка на Технолошко-индустриските развојни зони Скопје 1 и Скопје 2, каде одблиску се запознаа со постоечката инфраструктура, активните инвеститори и моделот на функционирање на зоните. Од нивна страна беше истакнато дека досегашната поддршка и пристапот на институциите претставуваат стабилна основа за продлабочување на економската соработка и реализација на заеднички иницијативи.