Иднината – дома

АЛЕКСАНДАР АМПЕВСКИ – МАГНА

Александар Ампевски, IT лидер во Магна во ТИРЗ Струга за себе вели дека го пронашол работното место кое отсекогаш го посакувал. Според него, Магна е бренд, бидејќи гарантира сигурна иднина, успех и постојан напредок. Магна е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Компанијата произведува ретровизори и други технолошки производи за потребите на автомобилската индустрија, поточно за „Генерал Моторс“, „Форд“, „БМВ“, „Тојота“, „Волксваген“, „Хонда“ и многу други познати брендови. Магна стана дел од #ТИРЗ компаниите во 2022 година и оттогаш голем број на млади лица ја започнаа својата кариера токму таму.