АМЕРИКАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА МАКЕДОНИЈА
Владина делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски во периодот од 03-07 декември 2014 година, ги презентираше инвестициските можности во Соединетите американски држави. Во составот на оваа делегација беа и вицепремиерот Зоран Ставрески, министрите без ресор задолжени за привлекување на странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.
Владиниот тим присуствуваше на четири бизнис форуми во Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес и Лас Вегас и оствари повеќе поединечни средби со претставници на американски компании.
По завршувањето на роуд шоуто во Соединетите американски држави, владиниот економски тим е задоволен од одзивот на американските компании и нивниот интерес за инвестирање во Македонија.