АМЕРИКАНСКИ LEAR ЌЕ КРЕИРА 3,000 РАБОТНИ МЕСТА ВО СЛОБОДНАТА ЗОНА ТЕТОВО
Американската корпорација Lear официјално го означи почетокот со работа на новата фабрика вредна 15 милиони евра во слободната зона Тетово во која првично се вработени 520 лица, а целта е да достигне 3.000 луѓе.
Новата фабрика зафаќа површина од 12.000 квадратни метри, со простор за 2.000 вработени, и во неа е инсталирана најновата технологија за производство на седишта за автомобилска индустрија. Планот за проширување ќе го зголеми бројот на работниците на 3.000.
Претставникот на Lear, Sven Damm изјави дека компанијата планира да произведува навлаки за автомобилската индустрија во вредност меѓу 45 и 50 милиони евра во својата фабрика во Тетово, и тие производи ќе се вградуваат во некои од најдобрите автомобилски брендови како што се Jaguar и Land Rover. ” Lear е бренд кој значи совршенство. Очекуваме тоа да го потврдиме и тука, во Тетово”, рече Damm.
Корпорацијата од Мичиген соработува со повеќе од 350 автомобилски компании во светот и вработува 140.000 луѓе во 36 земји. Таа е рангирана 154 место на листата на Fortune 500.