БЕЛГИСКИ “ВАН ХОЛ” ЈА ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
Белгиската компанија “Ван Хол” денес свечено ќе ја започне втората инвестициска фаза во Македонија, со поставување камен темелник на новата фабрика за производство на автобуси во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 2.
Според првата објава во јануари 2016 година, инвестицијата на “Ван Хол” ќе изнесува 15 милиони евра.
Фабриката ќе отвори 400 нови работни места и од 2019 година, бројот на вработени во “Ван Хол” во Македонија ќе достигне 1.250.