БИЗНИС ФОРУМ ВО ЊУЈОРК ЗА МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски реализираше бизнис форум во Њујорк.
Бизнис форумот беше организиран во соработка со магазинот Форбс и на истиот пред бизнис заедницата на Њујорк беа претставени условите за инвестирање и водење бизнис во Република Македонија.
Во состав на владината делегација беа и министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак и директорот на ДТИРЗ Виктор Мизо.