Иднината – дома
Веса Саќипи – Џонсон Мети
Секој еден е важен. Секој напредок кој го правиме и секој резултат кој го остварува е забележан. Веса Саќипи е одговорно лице за комуникации и инженер за квалитет за клиенти. Дадената одговнорност и носи бројни предизвици секој ден, но во соработка со своите колеги лесно се надминуваат. Она што прави разлика за неа, во споредба со останати работни места е отворената и непосредна комуникација со претпоставените кои се достапни постојано за своите соработници. Британската компанија Џонсон Мети е светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Компанијата ја одбра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 и вработува повеќе од 1.000 луѓе.