ГЕРМАНСКАТА „АКОМПЛАСТ“ ГРАДИ ФАБРИКА ВО ПРИЛЕП

Германската компанија „Акомпласт“ започна со изградба на новата фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Прилеп.

„Акомпласт“ ќе инвестира 3 милиони евра во оваа фабрика за производство на автомобилски делови со пластично инјектирање, за светски реномирани производители како што се „Дајмлер“, „БМВ“, „Ауди“, „Бентли“ и „ Јагуар“. Со овој проект ќе се отворат 250 нови работни места.

Инес Андре, менаџер на „Акомпласт“, изјави дека одлуката за инвестирање во Прилеп беше донесена како резултат на понудените услови за водење бизнис, квалификуваната работна сила и подготвеноста на Владата за соработка. Говорејќи на македонски, Инес Андре објасни дека првичните информации за можностите за инвестирање во Македонија „Акомпласт“ ги доби во мај 2014 година, а набргу потоа компанијата реши да ја основа “Инџекшн молдинг Прилеп”, имено, во март 2015 година.

Франк Микаелис, менаџер на “Инџекшн молдинг Прилеп”, изјави дека главната причина нивната компанија да инвестира во Македонија се должат на односите меѓу двете земји. Збратимените градови Скопје-Дрезден и СкопјеНирнберг не се само доказ за пријателството помеѓу Македонија и Германија,, но исто така и на континуирано добрата економска соработка меѓу двете земји.

„Акомпласт“ произведува технологии, врз основа на пластичо инјектирање и најсовремена завршна обработка и целосно автоматизиран системи за склопување. Германската компанија има две подружници во Чешка и огранок во Украина.