ГЕРМАНСКАТА „ОДВ ЕЛЕКТРИК“ ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА ФАБРИКА ВО МАКЕДОНИЈА

Германската компанија за кабли за автомобилската индустрија „ОДВ Електрик“ ја започна изградбата на производствениот објект во Македонија, поточно во Технолошко-индустриската развојна зона Охрид/Струга.

Фабриката, инвестиција во вредност од 15 милиони евра, ќе биде изградена во две фази и ќе отвори околу 1.000 нови работни места. Градежните работи треба да завршат до јуни следната година.