ГЕРМАНСКИ „КОСТАЛ“ СТАРТУВАШЕ СО ПРОИЗВОДСТВО ВО ОХРИД
Германскиот гигант „Костал“ стартува со работа. Компанијата лоцирана во некогашните производствени погони на охридски ЕМО планира во иднина да изгради свој објект во Технолошко-индустриската развојна зона во Охрид-Струга.
Станува збор за инвестиција во вредност од 30 милиони евра, која ќе вработи 1000 лица. Од компанијата велат дека поволната бизнис клима која што јa има Македонија и напорите кои што ги превзема се клучна за привлекување на инвеститорите.
– Навистина имавме одлична поддршка од државните институции во реализирањето на овој проект. Единствено преку таква поддршка беше можно за помалку од една година да дојдеме до степен на почеток на производство. „Костал“ за наредните десет години планира да известира 30 милиони евра и да креира 800 работни места, истакна Андреас Костал – Претседател на „Костал“ групацијата.
– Во текот на изминатите девет месеци компанијата „Костал“ во Македонија има инвестирано околу четири милиони евра, вработувајќи 48 лица од Охридско-струшкиот регион. До крајот на оваа година планираме да вработиме околу сто луѓе и инвестиција од околу шест милиони евра. Покрај адаптација на погонот, инвестиравме и во неопходна стручна обука на вработените во Ирска и Германија. Нашиот тим веќе е вклучен во производството на електронски и мехатронски производи за „БМВ“, „Порше“, „Дајмлер“, „Форд“ во нашата македонска фабрика, истакна Јури Маклакхов, директор на „Костал“ Македонија.
Костал е една од водечките фирми во светски рамки за производство на делови од автомобилската индустрија и има над 17 илјади вработени во 21 држава на четири континенти.