Гоце Димовски назначен за нов в.д. директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони
Новиот директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски и официјално ја презема функцијата од досегашниот директор Јован Деспотовски.
Димовски е доктор на науки со искуство во различни институции и компании, и во реализација на инвестициски проекти финансирани од меѓународни финансиски институции како Светската банка, Европската инвестициска банка, Банката за развој при Советот на Европа, Европската банка за реконструкција и развој и Германската развојна банка КфВ.
Неговото долгогодишно работно искуство опфаќа ангажмани во институции и компании како ОБСЕ-ОДИХР, Министерството за транспорт и врски, Националниот парк „Маврово”, Советот за јавни набавки на Македонија, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Пелагонија АД Гостивар, Министерството за финансии со проектите за подобрување на општинските услуги (МСИП и МСИП2) финансирани од Светската банка, и Советот на Општина Гостивар.
Дополнително, Димовски има искуство во имплементација на инвестициски проекти финансирани од различни меѓународни финансиски институции како што се Светската банка, Европската инвестициска банка, Банката за развој при Советот на Европа, Европската банка за реконструкција и развој и Германската развојна банка КФВ.