ДЕЛЕГАЦИЈА НА Н.Р. КИНА ВО ПОСЕТА НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ТИРЗ
На 28.04.2013 година во организација на групацијата М6, 20-члена делегација од провинцијата Sichuan, Н.Р. Кина оствари работна посета на Технолошко-индустрискате развојни зони Скопје 1 и 2. Делегацијата ја предводеше г-дин Yan Tongming, Претседател на Бордот на Chengdu Tanghu Investment Holdings и Претседател на Business School Alumni Association of Sichuan University која обединува преку 58.000 бизнисмени од провинцијата Sichuan во Н.Р. Кина. Останатите членови на делегацијата беа високи претставници на едни од најголемите компании од кинеската провинција Sichuan од областа на недвижностите, градежништвото, образованието, инвестициските фондови, машинската, винската, дрвната и други индустрии. Делегацијата ја придружуваше и амбасадорот на Н.Р. Кина во Република Македонија, Н.Е. Cui Zhiwei.
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо, одржа презентација пред присутните при што ги претстави бизнис климата и можностите за инвестирање во Република Македонија, со посебен акцент на инвестициите во недвижностите, туристичките развојни зони, индустријата, рударството и слободните економски зони при што беа претставени повеќе конкретни проекти.
Во рамките на работната посета членовите на делегацијата имаа прилика директно да се запознаат со тековните активности и процедурите на функционирање на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони како и со компаниите кои оперираат во слободните економски зони Скопје 1 и 2.