Димовски – Николовски: co заедничка посветеност кон подобра економска сигурност и стабилност на бизнис климата
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со директорот на Царинската Управа, Бобан Николовски. Во рамки на средбата се разговараше за соработката помеѓу двете институции која е клучна, како и можностите за понатамошно унапредување во однос на царинските процедури кои се дел од функционирањето на Технолошките Индустриски Развојни Зони.
Директорот Димовски ја истакна важноста на соработката помеѓу двете институции, земајќи ја предвид улогата на Царинската Управа во функционирањето на ТИРЗ. „Обезбедувањето на поволна инвестициска клима е нашата главна цел, а успешната соработка со Царинската Управа е од клучно значење, олеснувајќи го работењето на компаниите во зоните, при што се нудат нови можности за зголемување на нивниот капацитет за раст и развој.“ – нагласи Димовски.
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека унапредување на царинските постапки и олеснување на легалната трговија, но и сузбивање на нелегалните дејствија е клучно за подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови странски инвестиции.
Во однос на прашањата кои беа тема на дискусија на состанокот беше остварена и работна посета на Царинската испостава Слободна Зона Скопје со цел увид на состојбите на терен, при што двете страни изразија заедничка посветеност кон понатамошно унапредување на царинските процеси, со фокус на ефикасноста што ќе придонесе за подобра економска сигурност и стабилност на бизнис климата.