Директорот Гоце Димовски во интервју за Капитал: Новиот пристап кон привлекување странски инвестиции ја позиционира Македонија како лидер во регионот!

Директорот Димовски, во рамки на концептот за унапредување на економските политики и поддршката на инвестициите во технолошко индустриските развојни зони, во интервју за магазинот Капитал, зборуваше за новиот пристап на Македонија кон привлекување странски директни инвестиции, позиционирајќи ја земјата како регионален лидер. Димовски истакна дека обемот на странски инвестиции во Македонија е зголемен за 17,4% во 2024 година, наспроти општиот тренд на намалување во Источна и Југоисточна Европа. Интервјуто, исто така, опфати теми како диверзификацијата на инвестициското портфолио на Македонија надвор од автомобилската индустрија, вклучувајќи ја и воената индустрија, како и напорите за инфраструктурни подобрувања и надминување на предизвиците со работната сила преку дуално образование.

Според најновата анализа на Виенскиот Институт за меѓународни економски студии, обемот на странски инвестиции во источна и југоисточна Европа во 2024 година беше помал отколку во изминатите неколку години, освен во неколку земји од западен Балкан кои регистрираа зголемување од 17,4%. Македонија е водечка и лидер во привлекувањето на странски инвестиции. Најновата анализа на Виенскиот Институт за меѓународни економски студии претставува ноторен факт за успехот на структурните промени што ги направивме со новиот модел и пристап за привлекување странски инвестиции кои тргнуваат од голема транспарентност и редовна комуникација, истакна директорот Гоце Димовски.

Имено, ние како влада будно ја следиме ситуацијата со автомобилската индустрија во Европа, со што сме во постојан контакт со сериозни мултинационални компании кои планираат да ги затворат своите капацитети во Европа и да инвестираат во нашиот регион, со што со некои сме во фаза на преговори додека пак некои од нив веќе имаат донесено интерни одлуки за инвестирање во Македонија, така што периодов што следи согласно резултатот од сите овие преговори, ќе се објавуваат сите нови потенцијални инвестиции во Македонија.

Согласно анализите кои ги правиме во Дирекцијата за ТИРЗ на месечно ниво, можам да кажам дека имаме пораст на извозот од ТИР зоните за 4% за период Јануари 2025 – Јуни 2025 споредено со периодот Јануари 2024 – Јуни 2024. Исто така имаме зголемување на бројот на вработени во месец Јуни 2025 година споредено со месец Јуни 2024 година односно заклучокот од анализите се дека сите компаниите во ТИР зоните имаат пораст споредено со истиот период од минатата година.

Капитал: Имаме Договор за стратешка соработка со кралството Велика Британија! Договорот несомнено, а и за очекување е, да има позитивно влијание во економијата на Македонија! Како овој Стратешки Договор би имал влијание врз зголемување на странските инвенстиции во индустриските технолошки развојни зони?

Димовски: Воспоставувањето на стратешко партнерство со земја како што е Велика Британија и те како ќе придонесе за развој на Македонија од повеќе аспекти. Влијанието на Договорот за стратешко партнерство според нашите очекувања би било повеќекратно.

Како прво, најголем дел од кредитот ќе се користат за капитални проекти во инфраструктурата. Сите знаеме колку е битна квалитетната инфраструктура за привлекување на нови инвестиции и развој на економијата. Воедно, фактот дека Македонија е стратешки партнер со Велика Британија дополнително само по себе влијае Македонија да биде уште поатрактивна дестинација за инвестирање од страна на мултинационалните компании.

Капитал: Што се инвестициските зони за посебни намени кои ги најавувате во неколку наврати? За каков тип на инвестиции и намени станува збор? Имате ли конкретни планови и локации каде ќе се развиваат? За кои индустрии?

Димовски: Како Влада сме насочени кон привлекување на квалитетни странски директни инвестиции кои сами по себе би имале високо технолошко производство кое, пак, ќе креира високо платени работни места и дополнително ќе го зголеми извозот.

Воедно целта ни е да направиме диверзификација на инвестициите заради фактот што 75% од постоечките компании во ТИР зоните се од автомобилската индустрија. Ние како влада сме насочени кон диверзификација на портфолиото на инвестициите. Кога велам диверзификација, тоа се однесува на производство наменето за воената индустрија, и други наменски производства.

Првичните планови се одредени ТИР зони кои не се оперативни, а врз основа на интересот на новите потенцијални инвеститори, во рамките на позитивните законски прописи да бидат индустриски зони или паркови за посебно наменско производство.

Капитал: Времињата се менуваат. ВИ (Вештачката интелигенција) и дигитализацијата заземаат се поголем простор во она што значи продукција, поголема продуктивност и индустриски развој… Колку, можеби, сега е потребна промена на пристапот и Стратегијата кон привлекување на ваков тип инвестиции?

Димовски: Една од првите работи што оваа влада се заложи во делот на привлекување на странски инвестиции е да се направи потребното усогласување со глобалните трендови кои се актуелни во делот на привлекување на странски инвестиции, се со една цел да се создаде една средина за инвестирање која ќе биде атрактивна, конкурента и одржлива на долг рок.

Имено, пример за сериозниот пристап на оваа влада во делот на привлекување на странските инвестиции е фактот што мултинационалната компанија ЛЕАР која веќе е присутна во ТИР зоните, во Февруари 2025 година, надвор од зоните, поточно во Скопје, отвори Центар за планирање на материјали и логистика, кој преставува центар за планирање на материјали и логистика за фабриките на ЛЕАР во Европа. Станува збор за инвестиција од областа на услужните дејности, која ќе вработува повеќе од 200 високо образовани лица од Македонија, и која преставува прва ваква странска инвестиција од оваа област во историјата на независна Македонија.

Капитал: Има ли доволно работна сила за фабриките во ТИРЗ-овите? Кога прашуваме за работната сила тука се поставува и дилемата имаме ли доволно обучена и едуцирана работна сила?

Димовски: Дефицитот на работна сила е нешто што претставува сериозен предизвик за сите земји во регионот.

Согласно комуникација што ја имам редовно со компаниите во ТИР зоните, заклучокот е дека некои компании имаат потреба од висококвалификуван кадар, некои компании имаат потреба од нискоквалификуван кадар. Во контекст на работната сила, тука мора да го истакнам ефектот на дуалното образование кој помага во справување со овој предизвик, а тоа го потврдува и Стопанската комора на Македонија, со што оваа Влада планира со нов закон, дуалното образование да го официјализира во системот на средното образование во Македонија.

Мојата цел во овој мандат е Дирекцијата за ТИРЗ да биде институција за пример, институција во која секој еден кој е дел од Дирекцијата за ТИРЗ ќе се гордее дека е дел од таква институција. Она што можам да го ветам е дека се додека бидам на чело на Дирекцијата за ТИРЗ ќе го дадам својот максимум, се со една цел, а тоа е да имаме што повеќе квалитетни странски инвестиции кои ќе придонесат Македонија да биде една од земјите во Европа со најголем економски раст.

Согласно направената анализа за една година од мојот мандат можам да кажам дека за  периодот од јули 2024 до јуни 2025 година во ТИР зоните реализиравме инвестиции во вредност повеќе од 190 милиони евра кои ќе креираат 2000 нови работни места.

Дополнително, договорени се четири нови инвестиции во ТИР зоните со вредност повеќе од 90 милиони евра, кои ќе креираат нови 900 работни места и кои значително ќе го зголемат извозот од Македонија.

Исто така четири мултинационални компании веќе имаат донесено интерна одлука за инвестирање во Македонија, поточно во ТИР зоните, со што вкупната вредност на овие инвестиции се очекува да биде над 150 милиони евра со нови 1300 вработувања. Сето ова говори за успехот кој го постигнавме за само една година мандат со новиот пристап за привлекување на странски инвестиции, земајќи го во предвид фактот во каква состојба ја наследивме државата и севкупната економија на почетокот од овој мандат.

Капитал: Каква друга инфраструктура недостасува во зоните? Што треба друго да се направи за да зоните дадат максимум услуги на инвеститорите? Што треба да направи ТИРЗ, а што Владата (државата)?

Димовски: Еден од главните предизвици со кои се соочив од првиот ден од кога сум назначен да раководам со Дирекција за ТИРЗ беше решавање на сите акумулирани проблеми во Дирекцијата, вклучително и инфраструктурните проблеми со кои се соочуваа инвеститорите.

Врз основа на еден нов прогресивен и отворен пристап ком сите корисници во ТИР зоните, чекор по чекор ги решаваме нивните проблеми согласно позитивните законски прописи во државата.

Доказ за успешноста за овој нов пристап е фактот што согласно направената анкета на сите корисници за задоволство од услугите на Дирекцијата за ТИРЗ за 2024 година, средната оценка изнесува 4.48 од максимум 5 што преставува највисока просечна оценка од сите корисници за задоволството од услугите на Дирекцијата за ТИРЗ во историјата на постоењето на Дирекцијата за ТИРЗ.

Воедно, согласно направената анализа за сите ТИР зони, во најголем дел секоја зона ја поседува потребната соодветна инфраструктура. Тука морам да го истакнам фактот дека наследив доста инфраструктурни објекти во ТИР зоните кои се граделе во минатото, а сè уште се без одобрение за употреба, а пред сѐ заради нерешените имотно-правни односи односно заклучокот е дека проектниот менаџмент за реализација на овие капитални инфраструктурни проекти не бил на соодветното ниво.

Во однос на инвестициите во инфраструктурата можам да кажам дека за само една година како Дирекција за ТИРЗ успеавме да ги решиме сите оние акумулирани пропусти во минатото со што успеавме да завршиме со изградбата на Натпатникот кој ги поврзува ТИРЗ Скопје 1 и ТИРЗ Скопје 2, завршивме со изградбата на Административните згради во ТИРЗ Прилеп, ТИРЗ Струга и ТИРЗ Кичево. За административните згради во ТИРЗ Прилеп и ТИРЗ Струга добиено е одобрение за употреба согласно позитивните законски прописи, додека за Натпатникот и Административната зграда во ТИРЗ Кичево сме во постапка за добивање на одобрение за употреба согласно позитивните законски прописи. Потоа очекуваме истите да ги пуштиме во употреба (за овие објекти имаме само интерен технички преглед од страна на надзорниот орган). Вкупната вредност на овие инвестиции достигна 8 милиони евра.

Врз основа на активната и транспарента комуникација која ја имаме со компаниите кои се во ТИР зоните и согласно потребите, имаме план за реализација на нови инвестиции во инфраструктура сѐ со цел овозможување на квалитетни услови за сите постоечки и нови потенцијални инвеститори.

Капитал: Може ли Македонија да развие специфични зони за висока технологија, ИТ и инженерство, со истражувачки центри во кои зони би биле ангажирани инженери и високо профилни професионалци не само од Македонија туку и од регионот и светот?

Димовски: Согласно последната одлука на Владата се донесе одлука за изградба на мултифункционален научно-технолошки парк на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Своевидната „Силиконска долина“ ќе претставува национален центар за иновации, знаење и нови технологии, кој ќе има за цел да привлече домашни и странски компании – инвеститори. Паркот ќе претставува катализатор за економски раст, соработки меѓу науката и бизнисот, и регионален развој.

Планот е паркот да располага со современа електрична и телекомуникациска инфраструктура, како и со флексибилни и функционални работни простори, прилагодени на потребите на иноватори, истражувачи, студенти и претприемачи.

Овој технолошки парк се очекува да стане центар за трансфер и комерцијализација на знаење од областа на високата технологија ИТ и инженерството, како и клучна алатка за задржување млади таленти и поддршка на претприемничкиот дух во земјава.

Капитал: Автомобилската индустрија во Европа е во голема криза. Германската автомобилска индустрија бележи лоши денови!? Како ова ќе се одрази врз инвестициите во Македонија на автомобилските компании кои сега се овде? Која е Вашата анализа за кризата? Во кој правец ќе се развива и каков ќе биде епилогот? Како Македонија може да ја претвори оваа европска криза во своја корист?

Димовски: Факт е дека автомобилската индустрија е изложена на големи притисоци и бројни предизвици. Насоката во која ќе се движат работите во автомобилската индустрија во Европа пред сѐ ќе зависи од способноста и агилноста на големите производители на возила во прилагодувањето на промените што ги диктира индустријата, со што или ќе го забрзаат или ќе го забават опоравувањето односно ќе влијаат врз конкурентноста и иднината на автомобилската индустрија во Европа. Со тоа ќе се знае кој ќе биде обемот на производство односно работа на компаниите во ТИР зоните.

Согласно анализите кои ги правиме во Дирекцијата за ТИРЗ на месечно ниво, можам да кажам дека имаме пораст на извозот од ТИР зоните за 4% за период Јануари 2025 – Јуни 2025 споредено со периодот Јануари 2024 – Јуни 2024. Исто така имаме зголемување на бројот на вработени во месец Јуни 2025 година споредено со месец Јуни 2024 година односно заклучокот од анализите се дека сите компаниите во ТИР зоните имаат пораст споредено со истиот период од минатата година.

Имено, ние како влада будно ја следиме ситуацијата со автомобилската индустријата во Европа, со што сме во постојан контакт со сериозни мултинационални компании кои планираат да ги затворат своите капацитети во Европа и да инвестираат во нашиот регион, со што со некои сме во фаза на преговори додека пак некои од нив веќе имаат донесено интерни одлуки за инвестирање во Македонија, така да периодов што следи согласно резултатот од сите овие преговори, ќе се објавуваат сите нови потенцијални инвестиции во Македонија.

Капитал: Каков е моменталниот интерес за странско вложување во Македонија? И што треба да се менува за интересот да биде уште поголем… евентуално во системот на државна помош?

Димовски: Факт е дека 2024 година ја завршивме со највисоко рекордно ниво на странски директни инвестиции во Македонија кое изнесуваше рекордни 1 255 милиони евра (1,25 милијарди евра), така што темпото и динамиката што е веќе воспоставено во пракса заклучно од јули 2024 година во делот на привлекување на инвестиции ќе продолжи со посилна динамика и во наредниот период.

Согласно досегашната комуникација со потенцијалните инвеститори, заклучокот е дека компаниите имаат доста сериозни планови за инвестирање, а доказ за тоа се сите оние реализирани и договорени инвестиции во 2025 година.

Нашата посветеност и заложба е во наредниот период да успееме да привлечеме што повеќе нови квалитетни странски инвестиции кои ќе креираат поголема додадена вредност во македонската економија односно целта е да привлечеме квалитетни странски инвестиции кои ќе имаат високо технолошко производство, а кои ќе бидат извозно ориентирани.

Во однос на тоа што треба да се менува, како што напоменав претходно, оваа Влада има за цел да направи усогласување со глобалните трендови кои се актуелни во делот на привлекување на странски инвестиции, се со една цел, а тоа е, да се создаде една средина за инвестирање која ќе биде атрактивна, конкурента и одржлива на долг рок. Доказ за ова е новиот пристап кој го имаме кон секоја постоечка и нова потенцијална инвестиција.

Во однос на државната помош, тука морам да укажам дека е сменет пристапот со што висината на државна помош пред сѐ зависи од деловниот план на секоја инвестиција односно прво се анализира и утврдува ефектот што таа инвестиција ќе го има врз македонската економија, па потоа се нуди пакет на државна помош согласно позитивните законски прописи.

Капитални инвестиции реализирани во првата година

Капитал: Во која состојба ја наследивте Дирекцијата за ТИРЗ и каде ја гледате Дирекцијата за ТИРЗ во текот и на крајот на Вашиот мандат како директор на оваа институција?

Димовски: Искрен да бидам не очекував дека Дирекцијата за ТИРЗ ќе ја наследам во таква лоша состојба, состојба каде што наследив многу штетни договори со различни правни лица, наследив изградени инфраструктурни објекти за кои сè уште имаме нерешени имотно-правни односи, а истите се сè уште без одобрение за употреба. Наследив ТИР зона која немаше вода, а имаше компании кои оперативно работат во таа ТИР зона. Наследив еден куп на системски проблеми и процеси запоставени, со еден збор наследив институција која е потребно да се гради од темели.

Со оглед на фактот дека веќе една година заврши од моето назначување да раководам со Дирекцијата за ТИРЗ, можам да кажам дека голем дел од оние акумулирани и наследени проблеми, заедно со вработените во Дирекцијата за ТИРЗ успешно ги решаваме согласно позитивните законски прописи. Доказ за тоа е дека Дирекцијата за ТИРЗ е со силен скок на интегритетот, односно се најде на 15 место од вкупно 50 институции и е препознаена меѓу најдобрите институции во борбата против корупција согласно извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата за Системот за интегритет кој преставува стратешки механизам за превенција од корупција и унапредување на транспарентноста. Имено, постигнатиот резултат за 2024 година на Дирекцијата за ТИРЗ претставува значителен раст за ниво погоре, од „просечно“ ниво  на „добро“ ниво, во однос на 2023 година, кога процентот на исполнетост изнесуваше 39,2% додека за 2024 година изнесува 61,1%.

Согласно направената анализа за една година од мојот мандат можам да кажам дека за  периодот од јули 2024 до јуни 2025 година во ТИР зоните реализиравме инвестиции во вредност повеќе од 190 милиони евра кои ќе креираат 2000 нови работни места.

Дополнително, договорени се четири нови инвестиции во ТИР зоните со вредност повеќе од 90 милиони евра, кои ќе креираат нови 900 работни места и кои значително ќе го зголемат извозот од Македонија.

Исто така четири мултинационални компании веќе имаат донесено интерна одлука за инвестирање во Македонија, поточно во ТИР зоните, со што вкупната вредност на овие инвестиции се очекува да биде над 150 милиони евра со нови 1300 вработувања. Сето ова говори за успехот кој го постигнавме за само една година мандат со новиот пристап за привлекување на странски инвестиции, земајќи го во предвид фактот во каква состојба ја наследивме државата и севкупната економија на почетокот од овој мандат.

Мојата цел во овој мандат е Дирекцијата за ТИРЗ да биде институција за пример, институција во која секој еден кој е дел од Дирекцијата за ТИРЗ ќе се гордее дека е дел од таква институција. Она што можам да го ветам е дека сѐ додека бидам на чело на Дирекцијата за ТИРЗ ќе го дадам својот максимум, сѐ со една цел, а тоа е да имаме што повеќе квалитетни странски инвестиции кои ќе придонесат Македонија да биде една од земјите во Европа со најголем економски раст.

За да го прочитате целото интервју, кликнете овде.