Директорот Гоце Димовски во официјална посета на Костал
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во рамки на серијата посети на компании кои работат во индустриските зони, денес ја посети Костал во индустриската зона Косел.
Германската компанија „Костал” е глобален лидер во понудата на технолошки напредни електронски, електромеханички и механичко-електронски производи за големи индустриски производители. Компанијата е присутна на 42 локации во светот на 5 континенти и брои персонал од над 18.000 луѓе.
„Костал е пример за тоа како странските инвестиции можат да донесат значителни придобивки за економијата и развојот на целата држава. ТИРЗ продолжува да работи на создавање услови за привлекување нови инвеститори, како и поддршка на постојните компании, сѐ со цел зголемување на инвестициите и создавање нови работни места,” изјави Гоце Димовски.“
За време на официјалната посета, се разгледаа и можностите за потенцијалните нови проширувања и инвестиции на Костал.
Виктор Мизо, генерален директор на Костал Македонија, изрази особено задоволство за посетата од страна на новиот директор на ТИРЗ, Гоце Димовски.
„Нашето присуство во Македонија е доказ за стратешкиот потенцијал на земјата во регионот. Локацијата и талентираната работна сила се едни од клучните фактори за успех на Костал. Посветени сме на развојот на нашиот тим, се со цел континуиран раст на нашето производство.“ – истакна Виктор Мизо, генерален директор на Костал.
Посетата на фабриката на Костал, која е само дел од серијата посети, претставува уште еден доказ за посветеноста на ТИРЗ на создавањето добра инвестициска клима, со поддршка на постојните компании, како и обезбедување на поволни услови за инвестирање. Со новите проекти и иницијативи на новата Влада, Македонија продолжува да биде атрактивна дестинација за странски инвестиции и технолошки развој.