Директорот Гоце Димовски во официјална посета на ТИРЗ Тетово, остварена средба со приватниот партнер Нормак
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во склоп на серијата посети на фирми кои работат во зоните, денес оствари официјална посета на технолошко индустриската развојна зона Тетово, за која е склучен договор за јавно-приватно партнерство со компанијата Нормак.
Во текот на посетата, Димовски оствари средба со претставници на Нормак, каде се разговараше за тековниот развој на зоната, инвестициите, како и идните планови за подобрување на инфраструктурата и привлекувањето нови инвеститори.
Директорот Димовски, ја нагласи важноста на јавното-приватно партнерство, истакнувајќи дека ваквата соработка е клучна за постигнување на одржлив економски раст и развој.
„Ваквите партнерства овозможуваат ефикасно искористување на ресурсите и експертизата од двата сектори, што резултира со побрз развој на инфраструктурата, подобри услови за работа и зголемување на конкурентноста на земјата како дестинација за странски инвестиции.“ – изјави Димовски.
Аки Етеми, претседател на бордот на директори на Нормак Инвестмент Груп, изрази задоволство за средбата, нагласувајќи ја важноста на оваа соработка.
„Партнерството помеѓу ТИРЗ и Нормак е од големо значење, не само за успешно функционирање на зоната Тетово, туку истото претставува стратешка определба за поддршка на економскиот раст и развој на Македонија. Оваа соработка значително придонесува за создавањето нови можности, модернизација на индустриските капацитети и привлекување на квалитетни инвестиции кои ќе го забрзаат развојот на Македонија.“ – истакна Аки Етеми, претседател на бордот на директори на Нормак Инвестмент Груп.
„Успешноста на ова јавно-приватно партнерство директно придонесува за подобрување на животниот стандард и економијата во целата држава. Преку вложување во најсовремени технологии и иновации, Нормак е посветен на обезбедување на високи стандарди за квалитет и продуктивност, кои ќе ја зголемат конкурентноста на Македонија. – кажа Александар Зарков, генерален директор на Нормак Инвестмент Груп.“