Директорот Гоце Димовски дел од Македонско-јапонскиот бизнис форум во Скопје, остварени бизнис средби со водечки јапонски компании
Со цел продлабочување на економската соработка со Јапонија, директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на од Македонско-јапонскиот бизнис форум “LinkUP”, организиран од страна на јапонската амбасада во Македонија. Настанот беше отворен од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара. Воедно, говорници беа и бројни претставници на компании како Mitsubishi, Takeda Pharmaceutical, Hitachi Energy, ITOCHU Corporation, Hitachi Energy и други.
Министерот Тимчо Муцунски во своето обраќање истакна дека економските односи меѓу Македонија и Јапонија имаат значителен потенцијал за понатамошно продлабочување, нагласувајќи дека Владата останува посветена на креирање стабилна и предвидлива деловна клима која ќе ги поттикне јапонските компании да ја препознаат земјата како атрактивна дестинација за инвестиции. Тој посочи дека ваквите настани претставуваат важна платформа за директно поврзување на компаниите од двете земји и отворање нови можности за партнерства, технолошка соработка и инвестиции со висока додадена вредност.
Амбасадорката на Јапонија, Сецуко Кавахара, нагласи дека Јапонија и Македонија имаат долгогодишни пријателски односи и изрази уверување дека економската соработка ќе продолжи да се развива во наредниот период. Таа потенцираше дека интересот на јапонските компании за регионот расте, особено во области поврзани со напредни технологии, енергетика и иновации, при што ваквите деловни настани претставуваат значајна можност за создавање нови деловни врски и партнерства.
Директорот Димовски во рамки на настанот оствари средби со претставниците на компаниите, при што беа истакнати можностите за инвестирање кои ги нуди ТИРЗ, со акцент на стабилното деловно опкружување, конкурентните поволности и стратешката географска позиција на земјата.





