Република Северна Македонија

Дирекција за технолошки
индустриски развојни зони

Директорот Гоце Димовски на јубилејот на Гентерм Македонија: Десет години успешен пример за партнерство помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и странските инвеститори

Директорот Гоце Димовски на јубилејот на Гентерм Македонија: Десет години успешен пример за партнерство помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и странските инвеститори

По повод 10 години од отворањето на Гентерм во ТИРЗ Прилеп, директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на одбележувањето на јубилејот на компанијата, со кој се заокружува една деценија успешна работа, континуиран развој и партнерство во рамките на технолошките индустриски развојни зони. Присуството на директорот Димовски на јубилејот претставува потврда на континуираната соработка помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ и компаниите кои работат во зоните, со фокус на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина за нивниот долгорочен развој.

Во своето обраќање, директорот Димовски упати честитки до менаџментот и вработените на Гентерм Македонија за јубилејот, истакнувајќи дека десетгодишното присуство на компанијата во ТИРЗ Прилеп е пример за значењето на партнерскиот однос помеѓу институциите и странските инвеститори.

Тој нагласи дека ваквите инвестиции имаат многу пошироко економско значење, не само преку отворањето работни места и зголемувањето на извозот, туку и преку создавањето можности за развој на домашната економија, унапредување на производствените капацитети и стекнување нови знаења и вештини.

„Одлуката на една мултинационална компанија да инвестира во Македонија е важен чекор. Но, уште поважно е таа компанија да продолжи да работи, да се развива, да инвестира во луѓето и да ја гледа земјата како дел од својата долгорочна стратегија. Тоа е вредноста на континуитетот. И токму тоа го одбележуваме денес. За нашата земја, присуството на компании како Гентерм има значење што ги надминува рамките на една инвестиција.“ – кажа Димовски.

Директорот Димовски, во насока на континуираниот раст и развој ја истакна и посветеноста на Владата.

„Во оваа пригода, сакам да ја истакнам и посветеноста на Владата, предводена од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, која активно работи на унапредување на инвестициската клима и создавање поволни услови за развој на домашните и странските компании. Поддршката за инвеститорите, стабилното и предвидливо деловно опкружување и континуираниот дијалог со компаниите се важен дел од политиките насочени кон економски раст и отворање нови можности за граѓаните.“ – додаде тој.

 

 

 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
НовостиСоопштенија
Остварена средба со комапнијата Кемет