Директорот Гоце Димовски оствари средба со Билјана Маркоска од компанијата Кемет, која работи во рамките на ТИРЗ Скопје. На средбата беа разгледани тековните активности на компанијата, како и идните планови и можности за понатамошен развој. Разговорот беше насочен и кон условите за работа во зоната, потребите на компанијата и можностите за унапредување на соработката, со цел создавање уште подобри услови за непречено функционирање и раст.
Директорот Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на континуирана комуникација со инвеститорите и на следење на нивните потреби и предизвици во секојдневното работење. Тој посочи дека успешното работење на компаниите во ТИРЗ е важен дел од целокупниот економски развој и дека Дирекцијата продолжува да работи на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна средина.
Од страна на Билјана Маркоска, беа споделени тековните активности, како и плановите поврзани со идниот развој на производството. Воедно, беше изразена подготвеност за продолжување на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ.
Средбата е дел од континуираните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за директна комуникација со компаниите и подобро запознавање со нивните тековни потреби, предизвици и развојни планови.