Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со Пурпласт
Директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со извршниот директор на Пурпласт, Мехмет Шишманоглу. На средбата, беше потенцирана важноста на соработката помеѓу Дирекцијата за ТИРЗ, како државна институција и Пурпласт, како значаен економски субјект во приватниот сектор, а беа разгледани и идните проекти и инвестиции на оваа компанија.
„Заедно со новата Влада, нашата главна заложба е зголемување на економскиот раст и развој, привлекување на нови инвестиции и отворање на нови работни места. Сето ова е можно само ако посветено работиме заедно со компаниите, помагајќи им што повеќе да растат. Турската компанија Пурпласт е одличен пример за успешна компанија која допринесува за развојот на економијата, преку поставувањето високи стандарди за квалитет, создавајќи нови работни места.“ – изјави Димовски.
Мехмет Шишманоглу, извршен директор на Пурпласт, изрази задоволство за средбата, очекувајќи успешна понатамошна соработка.
„Пурпласт е компанија со 500 вработени во 4 фабрики во Република Турција, која своите производи ги извезува во 36 земји, а соработува со светски познати компании како Мерцедес, Волво, Сканија, БМВ, Фиат и се разбира Ван Хол. Во конкуренција од 5 земји, ја избравме Македонија како прва дестинација за фабрика надвор од Република Турција, токму заради поволните услови и целокупната поддршка, при што фабриката во ТИРЗ Скопје 2 е главен логистички центар за цела Европа.“ – истакна Мехмет Шишманоглу, извршен директор на Пурпласт.
Турската компанија Пурпласт, со искуство од 44 години во автомобилската индустрија, своите производи ги извезува во 36 земји во светот, а портфолиото на нивните производи е големо и опфаќа производство на делови за ентериер и екстериер на комерцијални возила, како и производство на седишта.