ДИРЕКЦИЈАТА ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА ВО АВТОМЕХАНИКА ФРАНКФУРТ 2018
Тимот на Дирекцијата за ТИРЗ и оваа година, од 11-15 септември, учествува на најголемиот светски настан од автомобилскиот сектор за сервисна индустрија и компоненти, кој се одржува во Германија, Automechanika Frankfurt 2018.
На настанот присуствуваат над 5.000 изложувачи, а Дирекцијата со свој штанд ја претставува Македонија како најповолна дестинација за водење бизнис во Источна Европа.