ДРЕКСЛМАЈЕР ЌЕ ГРАДИ ФАБРИКА ВО КАВАДАРЦИ

Германската Дрeкслмајер груп објави оглас за избор на врвниот менаџерски тим во фабриката што ќе ја гради во Кавадарци каде планира да инвестира најмалку 20 милиони евра и да отвори до 4.000 нови работни места. Фабриката ќе произведува електроника и електронски кабли за автомобили, кои ќе бидат наменети за германскиот пазар.

Главен клиент на Дрeкслмајер груп за фабриката во Кавадарци ќе биде Мерцедес, а ќе соработува и со сите други премиум автомобилски брендови од Германија.

Според првичните планови, во првата година од стартот на инвестицијата ќе бидат вработени 300 до 400 лица, а во наредните три години бројката на вработени треба да достигне до 4.000.

Главната причина за локацијата на инвестицијата е големата невработеност во регионот. Се отвора можност за вработувања на лица од Кавадарци, Неготино, Велес, Прилеп и други околни места во регионот.

Дракслмајер груп е една од најголемите компании за производство на авто-делови. Во нејзиното портфолио се присутни изработки за BMW, Mercedes-Benz, Porche, Audi, Bugatti, Jaguar и други автомобилски брендови. Компанијата е снована во 1958 година и има 53 фабрики низ светот.