ЕВРОПСКИ САМИТ НА СЛОБОДНИ ЗОНИ – СКОПЈЕ 2019
Дирекцијата за ТИРЗ (DTIDZ) од 2до 4 мај, 2019 година беше домаќин на Европски самит на Слободни зони коj за првпат се организираше во Скопје, во соработка со Светската Организација на Слободни Зони( WFZO) секако со подршка на Владата на Република Северна Македонија.
Самитот ги обедини регионалните министри со високите претставници од слободните зони во светот, со цел да создаде платформа за споделување на најдобрите практики, промовирање на соработка, изнаоѓање на решенија за заедничките предизвици и стимулирање на напредокот за иднината на слободните зони.
Грижливо одбраните теми на панел-дискусиите ги отворија прашањата за :
– државната помош
– иднината и предизвиците на слободните зони
– незаконската трговија и нејзиниот ефект врз слободните зони. Се говореше за аспектот на безбедноста на зоните, како и за изнаоѓање на ефикасен формат на здружение кое ги опфаќа сите слободни зони.
Светската организација на слободни зони, е со седиште во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, а во моментов брои повеќе од 550 членки од околу 120 земји во светот. И Република Северна Македонија, преку Диркецијата за ТИРЗ, е нејзин член . Токму од заедничката соработка произлезе овој значаен самит. Имаше разновидна публика, што го истакнува значењето на овој настан. Најголема вредност се остварените меѓусебни контакти и споделени искуства за унапредувањето на работењето на слободните зони. Од името на Дирекцијата за ТИРЗ упатуваме голема благодарност на сите вклучени страни кои придонесоа овој важен настан да стане реалност. Преку овој самит успеавме да ја презенитираме нашата земја како модерно опшетство и сериозна дестинација за странски вложувања во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.