Иднината – дома
Елефтерија Кестева – Џонсон Мети
Најголем предизвик е да се вклопат нововработените во новата средина со оглед на претходните работни искуства. Џонсон Мети го претвора овој предизвик во програма, односно обука за нововработени. Елефтерија Кестева Митевска е manufacturing тренер или тренер за производство, која секојдневно работи со новите членови на тимот во производство и ги воведува во целиот систем на работење. Оваа програма, како и останати програми за вработените го прават Џонсон Мети место каде многу млади лица ја започнуваат или продолжуваат својата кариера.