Заедно со компаниите создаваме успешни политики за иднината на ТИРЗ, средба со Огнен Цубалески, извршен директор на ОДВ Електрик Македонија
Успешна средба на директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, и извршниот директор на ОДВ Електрик, Огнен Цубалески. На денешната средба, се разговараше за инвестициските услови во зоните, како и целокупното искуство на ОДВ Електрик во Македонија.
„Заедно со компаниите како ОДВ Електрик, создаваме успешни политики и стратегии кои ја креираат иднината на технолошко индустриските развојни зони. Оваа средба е потврда на нашето партнерство кое и понатаму продолжува да ги достигнува очекувањата на сите страни. Верувам дека и во иднина уште повеќе ќе ги подобриме условите за инвестиции и развој во зоните.“ – истакна Димовски.
Германската „ОДВ Електрик“ како водечка компанија во производство на автомобилски компоненти и е иновативна компанија за развој и добавувач на високо-квалитетни кабли, соленоиди и механичко-електронски системи. Компанијата развива технологии и има свое производство во четири европски локации и тоа Германија, Унгарија, Украина и Македонија, со персонал од над 2.000 вработени.
Како еден од долгогодишните клиенти во технолошките индустриски развојни зони, минатиот месец компанијата наполни 10 години успешна работа во Македонија.
„Нашата компанија ги гледа технолошките индустриски развојни зони како стратешка локација за инвестиции и развој. Инвестицијата на ОДВ Електрик во Македонија не само што донесе напредок на компанијата, туку и креираше нови работни места и придонесе за технолошки напредок во областа на автомобилската индустрија.“ – изјави Цубалески.
Оваа средба е само потврда на посветеноста кон долгорочните партнерства и создавањето на подобри услови за развојот на целокупната економија.