Концепт и мисија

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, во име на Владата на Република Северна Македонија, управува со Технолошко-индустриските развојни зони во Република Северна Македонија.
Владата на Република Северна Македонија има основано четиринаесет Технолошко-индустриски развојни зони кои се наоѓаат во различна фаза на изградба.

Во согласност со својот концептот и мисијата, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони се стреми Република Северна Македонија да прерасне во меѓународен бизнис центар на Југоисточна Европа со понуда на инфраструктура од светска класа, поддржана со најквалитетни услуги и неспоредливи поволности во регионот и пошироко.

100% странска сопственост, 0% даноци и царина, ослободување од комунални такси, индивидуализиран пристап, симболична цена за закуп на земјиште и директна државна помош во износ до 1.000.000 евра се само еден сегмент од понудениот пакет поволности со кој се истакнуваме како најконкурентна инвестициска дестинација во регионот и пошироко.

Должност на Дирекцијата за ТИРЗ е да воспостави сервисен центар во секоја Технолошко-индустриска развојна зона, преку кој административните одделенија на Дирекцијата за ТИРЗ и испоставите на Царинската управа на Република Северна Македонија пружаат административни консултации и услуги и ефикасно царинење за инвеститорите во Зоните. Дирекцијата за ТИРЗ го превзема развојот на Зоните како своја горда мисија при што се раководи според потребите на инвеститорот и во пракса се стреми кон подигнување на квалитетот на услугите на највисоко ниво, сè со цел да се осигура успехот на инвеститорот.

Истражи ги слободните економски зони

Управен одбор

ВИКТОР АНДОНОВ

ПРЕТСЕДАТЕЛ

ШИРЕТ ЕЛЕЗИ

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ

ЏЕЛИЛ АХМЕД

ИГОР ЗДРАВЕСКИ

САВО СТАНКОВИЌ

ЈАСМИНА МАЈСТОРОСКА

ПИЈЕТРО СТЕРПОНЕ

Тим

ЛАЗАР ВАСИЛЕВ

lazar.vasilev@fez.gov.mk

СЕКТОР ЗА ОПШТИ РАБОТИ, ИНФОРМАТИКА И ТЕКОВНО ИНВЕСТИЦИОНО ОДРЖВУАЊЕ

ЉУБИЦА ДОНЕВСКА

ljubica.donevska@fez.gov.mk

СЕКТОР ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И ЈАВНИ НАБАВКИ

МАЈА СТЕФАНОВСКА

maja.stefanovska@fez.gov.mk

СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

МАРГАРИТА ЈОВЕВСКА В’ЧКОВ

margarita.vchkov@fez.gov.mk

СЕКТОР ЗА ПЛАНИРАЊЕ, ОСНОВАЊЕ, ИЗГРАДБА И РАЗВОЈ НА ТИРЗ

ЕДИН ФАКИЌ

edin.fakic@fez.gov.mk

СЕКТОР ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ И КОМУНИКАЦИЈА СО ПОТЕНЦИЈАЛНИ КОРИСНИЦИ ВО ТИРЗ

БОЈАНА ТЕВЧЕВА

bojana.tevceva@fez.gov.mk

СЕКТОР ЗА МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИИ

НИКОЛИНА СТОЈАНОВСКА

nikolina.stojanovska@fez.gov.mk

СЕКТОР ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ И КОНТРОЛА НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

КИРИЛ ВЕЛИКОВ

kiril.velikov@fez.gov.mk

СЕКТОР ЗА РАКОВОДЕЊЕ, СТОПАНИСУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ТИРЗ СКОПЈЕ 1, ТИРЗ СКОПЈЕ 2, ТИРЗ КИЧЕВО, ТИРЗ СТРУГА, ТИРЗ ТЕТОВО И ТИРЗ РАНКОВЦЕ

ТАТЈАНА ШУПЕРЛИСКА

tatjana.dinuseva@fez.gov.mk

СЕКТОР ЗА РАКОВОДЕЊЕ, СТОПАНИСУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ТИРЗ ШТИП, ТИРЗ ВИНИЦА, ТИРЗ ПРИЛЕП, ТИРЗ ДЕЛЧЕВО, ТИРЗ СТРУМИЦА, ТИРЗ ГЕВГЕЛИЈА, ТИРЗ РАДОВИШ И ТИРЗ БЕРОВО

Актуелен органограм

Сертификати