Клиенти
Услуги за клиенти
„Џонсон Мети“ ја избра Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за авто-катализатори во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на Џонсон Мети во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и важи за најголем извезувач од Македонија. Инвестицијата изнесува €80 милиони, а иницијалниот број на вработувања беше над 350.
Во мај, 2012 година Џонсон Мети го одбележа започнувањето на големиот проект за проширување на дејноста во Македонија со изградба на втора фабрика лоцирана во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Оваа инвестиција изнесува €65 милиони, која двојно го зголеми иницијалното производство и креираше над 500 нови работни места.
Во октомври 2024 година вкупниот број на вработени изнесува 882 лица.
Контакт: mkinfo@matthey.com
Во октомври, 2012 година, на парцела од 4.4 хектари, КЕМЕТ изгради нова фабрика во Технолошко Индустриската Развојна Зона Скопје 1 со површина од 44.267 метри квадратни, а вкупната инвестиција изнесуваше €30 милиони. Во оваа фабрика КЕМЕТ произведува кондензатори за автомобилската индустрија и разни индустриски апликации.
Во 2020 година, КЕМЕТ стана дел од Тајванската групација Јагео, која е водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти со производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка и над 40 000 вработени ширум светот.
Во октомври 2024 година бројот на вработени изнесува 600 лица.
Контакт: YageoMacedoniaInfo@yageo.com
Вкупната инвестиција на компанијата изнесува 30 милиони евра.
Вкупниот број на вработени во Витек Доо Илинден во октомври 2024 година изнесува 203.
Контакт: info.vitek@mk.vitillo.eu
Големото искуство на вработените во производството на квалитетни автобуси кои се произведувале во земјава во минатото, образованието на младите генерации во техничките училишта и солидните македонски универзитети се основата на квалитетот во производниот процес. Во фабриката се произведуваа патнички и градски автобуси главно за пазарите во Европа, САД и Канада.
Во март 2024 година производствениот погон во Скопје беше преземен од реномираната холандска Групација ВДЛ. Во август 2024 година компанијата беше преименувана во ВДЛ Ван Хоол Македонија, задржувајќи го брендот „Ван Хоол“ на своите производи.
Во октомври 2024, 1293 вработени работат во фабриката со големина од околу 80.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите купувачи, почитувајќи ги строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари. Од самиот почеток компанијата постојано вложува напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбеди од локални извори. Денес ВДЛ Ван Хоол Македонија е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни компании, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија од прв ред.
Контакт: macedonia@vdlvanhool.com
Во октомври, 2011 година Адиент го започна својот инвестициски проект за нова фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. Инвестицијата со крајот на 2023 изнесува повеќе од €27,3 милиони, а бројката на вработени на почетокот на октомври 2024 година изнесува од 1415 лица.
Во јуни 2017 година, во Технолошко-индустриската развојна зона Струмица беше отворена уште една фабрика на Адиент, којашто е прв капацитет во ТИРЗ Струмица, а каде се произведуваат навлаки за автомобилски седишта. Инвестицијата изнесува повеќе од €20 милиони, а бројката на вработени на почетокот на октомври 2024 изнесува 1052 лица.
Грижата за вработените и условите за работа според сите светски стандарди и за двете Адиент фабрики во Македонија се сертифицирани од страна на престижниот институт Top Employer, за Најдобар работодавач за Македонија и Европа за 2023 и 2024.
Преку учество на саеми за вработување и соработка со универзитети и средни училишта Адиент ширум ги отвора вратите за најдобрите таленти и им нуди можности за раст и развој.
Адиент повеќе од 12 години значајно придонесува за локалната и националната економија, ја поддржува заедницата преку бројни донации во здравството, заштитата, ранливите групи, и дава значаен придонес кон зачувување на животната средина, сѐ со цел поубава и позелена иднина на генерациите што доаѓаат.
Контакт: ae-ag-eur-mk-info@adient.com
Производствениот капацитет во ТИРЗ Штип е опремен со најсовремена опрема и машински парк за обработка, подготвен да одговори на сите барања на клиентите со капацитет за целосно исполнување на ново отворените пазари. Техникал Текстајлс Македонија работи на сите европски пазари и Блискиот Исток.
На почетокот на октомври 2024 година бројот на вработени е 74 лица.
Контакт: info@techtex.mk
Благодарение на сопствените производни линии, Макдиа може да обезбеди целосен асортиман на производи од индустријата за облека: HDPE филмови, стандардни и термолепливи плотер-хартии, перфорирани хартија и други производи за кројачките сали. Производството е наменето за пазарите на Југоисточна Европа, Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка.
Големината на оваа инвестиција изнесува €10 милиони, а на почетокот на октомври 2024 година бројот на вработени изнесува 28.
Контакт: info@makdia.mk
Компанијата е извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар. Фабриката поседува најмодерна опрема и високо софистицирани производни линии со што е предизвик за сите стручни кадри од Македонија кои ќе се пронајдат во нејзино работење.
Контакт: | info@arcautomotive.com.mk |
Во септември, 2015 година, италијанската компанија „Кондево“ започна да ја гради својата нова фабрика во Македонија лоцирана во Технолошко Индустриската Развојна Зона Штип. Големината на првичната инвестиција изнесува €30 милиони, а потпишувањето на вториот договор во декември 2022 изнесуваше 33.5 милиони евра.
На почетокот на октомври во 2024 година има 139 вработен 186 и лица.
Контакт: info@condevo.mk
Џојсон Сејфти Системс ја одбра Македонија во 2014 година за проширување на производството во Европа. Големината на инвестицијата изнесува 27 милиони евра, а компанијата првично започна со производство на перничиња за воздушни перничиња и модули.
Глобалниот снабдувач на напредни автомобилски безбедносни системи и компоненти започнаа со работа во објект во Кичево како браунфилд инвестиција во 2015 година, а од 2016 година продолжи со производство во гринфилд објект во слободната зона Кичево на површина од 13,600m². Вкупна површина на парцелата е 42 154 метри квадратни.
Џојсон Сејфти Системс е во сопственост на Нингбо Џојсон Електоник познат како Кинески автомобилски конгломерат кој ја презема Ки Сејфти Системс во 2016 година. Компанијата е светски лидер во изработка, развивање и произведување на надувувачи, воздушни перничиња, волани и безбедносни појаси. На глобално ниво има интернационална мрежа со 34 продажни, дизајнерски и производствени објекти во кои се вработени околу 50.000 луѓе ширум светот.
На почетокот на октомври во 2024 година, 1368 луѓе се вработени во компанијата, а се предвидува оваа бројка да достигне и до 1500 луѓе.
Контакт: Macedonia.JSS@joysonsafety.com
Производството на Гентерм Северна Македонија ДООЕЛ Прилеп е инсталирано од страна на голем број светски брендови како што се BMW, Mercedes, Volkswagen и други.
Компанијата се наоѓа на 12 различни локации и има повеќе од 11.000 вработени ширум Светот. Во 2016 година компанијата официјално започна со работа во Технолошко индустриска развојна зона Алинци во Прилеп, и е првата странска инвестиција во ТИРЗ зоната во Пелагонискиот регион.
Во првата фаза на инвестиција изграден е производствениот погон на површина од 912m2, а денес вкупната инвестиција изнесува повеќе од 40 милиони евра, на површина од 22.459m2.
Бројот на вработени на почеток на месец октомври 2024 година изнесува 2608, со што Гентерм Северна Македонија ДООЕЛ Прилеп е и е најголемиот работодавач во околината на градот Прилеп.
Контакт: info.macedonia@gentherm.com
Во март, 2017 година овој американски автомобилски гигант го подели својот бизнис на две независни компании: „Делфи Технологии” и „Аптив”. „Делфи“ преименува дел од својот бизнис кој е фокусиран на автоматизирано возење и електрификација, нарекувајќи го новиот ентитет „Аптив”, со што го формализираше одвојувањето на тој аспект на својата компанија од делот фокусиран на повеќе традиционални мотори.
Во декември, 2015 година Аптив донесе одлука да инвестира во фабрика во Македонија, лоцирана во ТИРЗ Скопје 1 за производство на најнова технологија на модул за возила кој се вградува низ Европа и за соработка со другите капацитети на Делфи во регионот за да се обезбеди ефикасност и флексибилност за клиентите. Големината на парцелата е 53.998 метри квадратни.
Делфи е фокусирана на испорака на висок квалитет, водечки индустриски технологии кои им помагаат на производителите да постигнат повисок електронски и безбедносен систем.
Вредноста на оваа инвестиција изнесува €30.3 милиони, со 517 вработувањa на почетокот на октомври 2024 година во Македонија.
Контакт: aptivmacedonia@aptiv.com
Во февруари 2016 година, беше поставен камен темелник на фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Како добавувач на голем број светски компании од автомобилската индустрија во делот на електронски плочи, со својата нова дејност во ТИРЗ, компанијата оди чекор понатаму и од претежно прототипско поминува на сериско производство, односно диверзификација на дејноста асемблирање на електронски плочи. Производството вклучува употреба на електронски печатени плочи како основа на која понатаму се асемблираат компоненти од типот на микропроцесори, отпорници, кондензатори, транзистори конектори и сл.
Големината на парцелата на фабриката изнесува 18.861 метри квадратни. Според бизнис планот, вредноста на инвестицијата изнесува околу 6.6 милиони евра. На почетокот на октомври 2024 година бројот на вработени во оваа компанија во ТИРЗ Скопје 1, изнесува 101 лице, а се очекува тој број да достигне околу 300 вработувања.
Производите од компанијата во целост се наменети за странските пазари, а во најголем дел истите се извезуваат во Германија, Скандинавските земји, Швајцарија и Велика Британија.
Контакт: info@htac.com.mk |
Леар Корпорејшн ги опслужува сите поголеми производители на автомобили во светот, а нивните производи се застапени во повеќе од 350 видови на возила. Производите на Леар кои се од светска класа се дизајнирани, проектирани и произведени од стручен тим кој брои околу 140.000 вработени, распределени во 36 земји.
Фабриката во Македонија е лоцирана во ТИРЗ Тетово на површина од 12.000 квадратни метри со инвестиција вредна над €15 милиони. Површина на парцелата е 33.073 метри квадратни. Располага со врвна машинерија, производни капацитети (за сечење кожа и платно), магацин и канцелариски простории.
На почетокот на октомври 2024 година бројот на вработени во Леар Македонија изнесува 1922 лица.
Контакт: VJovanovikjmicevikj@lear.com |
На 14-ти Јануари 2016 година, на парцела од 22.000 m² во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци, во близина на Прилеп, Инјецтион Моулдинг Прилеп го постави камен-темелникот за производство на автомобилски делови и официјално ја започна својата инвестиција во вредност од 3 милиони евра. Во 2017 година, Инјецтион Моулдинг Прилеп официјално започна со производство на пластични компоненти за познати компании од автомобилската индустрија како Mercedes-Benz Group AG, BMW, VW, Audi, Bentley, Volvo, Jaguar и Porsche. На почетокот на октомври 2024 година, бројот на вработени изнесува 37 лицa со планирани 200 нови вработувања.
Контакт: office@imp.mk
ОДВ-ЕЛЕКТРИК Македонија започна со мал погон во 2014 година, со 10 вработени и јасна визија за раст преку инвестирање во технологија и вложување во вработените и нивниот развој.
Во 2017 година официјално се лоцира во Технолошко-индустриската развојна зона во Охридско-Струшкиот Регион.
Денес, 2024 година, фабриката во Македонија е најголема, најпрофитабилна и технолошки најсофистицирана во групацијата на ОДВ-ЕЛЕКТРИК, при што бројот на вработени во месец октомври 2024 е 886 вработени, а се очекува истиот континуирано да расте и натаму.
Контакт: office@odw-elektrik.com
Во ноември, 2016 година е донесена одлука да инвестира во Македонија.
Во јули, 2017 година ВИК започна со изградба на производствен капаците во ТИРЗ Прилеп со цел производство на електрични апарати. Целото производство е наменето за извоз во Европа.
Капацитетот е на површина од 63 341 квадратни метри. Инвестицијата изнесува €11.6 милиони со предвидени 1.200 вработувања.
На почетокот на октомври 2024 година бројот на вработени изнесува 518 лица.
Контакт: info.mk@wik-group.com
Во мај, 2017 година освен фабрика во Турција, Џагатај Кабло донесе одлука за изградба на нова фабрика во Македонија со вредност на инвестиција во висина од €5 милиони. Компанијата закупи парцела во ТИРЗ Скопје 1 со големина од 26.000 метри квадратни и во 2018 година започна со производство.
Компанијата во Скопје исто така е добавувач на холандскиот производител на автобуси ВДЛ-Ван Хол кој што исто така е присутен во овој индустриски комплекс. Ова е значајно бидејќи останатите компании со странски капитал во Македонија, пред се ВДЛ-Ван хол, набавуваат резервни делови од оваа фабрика, наместо да ги увезуваат од странство.
Во 2024 година компанијата најави проширување на капацитетите за производство и нова инвестиција од €5 милиони со нови 150 вработувања во наредните 5 години. Новата инвестиција која ќе се простира на 8000м2 затворен простор предвидува производство на нов продукт на жица и кабел наменет за автомобилска индустрија.
Џагатај Кабло во ТИРЗ Скопје 1, на почетокот на октомври 2024 година има вработено 145 лица во период од 5 години.
Контакт: mk.manager@cagataykablo.com |
БАУМЕР е семејна меѓународна компанија која произведува напредна сензорска технологија, енкодери, мерни инструменти од областа на електрониката. Компанијата е присутна со 39 подружници низ 19 земји од светот со над 2,800 вработени. Во октомври 2024, компанијата брои вкупно 65 вработени во производствениот погон како и во истражувачкиот центар во кој работат инженери од областа на електрониката, информатиката, машинската технологија. БАУМЕР успешно го шири својот капацитет во Македонија како резултат на позитивното искуство од досегашното работење со тимот во државата.
Контакт: info.mk@baumer.com
Основана во 1969 година и приклучувајќи се на групацијата Volex Plc во септември 2023 година, компанијата работи со вкупно 2000 вработени во различни фабрики во Европа, Северна Америка, Турција, Кина и Мексико.
Во фабриката во Македонија, која работи под името Murat Wiring System, на почетокот на октомври 2024 година има 172 вработени, а планирано е да се вработат вкупно 300 лица.
Контакт: info@muratws.com
За Гересхајмер, ова беше прв производствен објект во Југоисточна Европа. Северна Македонија беше избрана од страна на Гересхајмер поради поволните деловни услови, обучениот кадар, добрата инфраструктура, атрактивната структура на трошоци и одличната поддршка од институциите.
Фабриката, која започна со производство во 2020 година, првично зафаќаше 12.500 м², но неодамна беше проширена на 20.000 м². Објектот вклучува модерни чисти простории со ISO класа 7, 8 и 9 со површина од околу 10.000 м².
Досега, Гересхајмер има инвестирано висока двоцифрена сума во милиони евра во објектот, каде што произведува системи за испорака на лекови и други медицински уреди изработени од пластика, како и стаклени шприцеви подготвени за употреба. Во 2024 година, фабриката вработува повеќе од 200 квалификувани лица од Република Северна Македонија, а нови вработувања се во тек. Исто така, компанијата има воспоставено дуална програма за обука за ученици и соработува со Универзитетот во Скопје.
Со 35 производствени локации во 16 земји низ Европа, Америка и Азија, Гересхајмер има глобално присуство и произведува локално за регионалните пазари. Компанијата нуди обемно портфолио на решенија за фармацевтски контејнери, системи за испорака на лекови и медицински уреди, како и решенија за здравствената индустрија. Производствениот асортиман вклучува дигитални решенија за поддршка на терапија, пумпи за лекови, шприцеви, пенкала, авто-инјектори и инхалатори, како и шишиња, патрони, ампули, контејнери за таблети, инфузиони шишиња, капалки и шишиња за сируп и многу повеќе. Гересхајмер обезбедува сигурна испорака и доверливо администрирање на лековите до пациентот. Со околу 12.000 вработени, компанијата во 2023 година оствари приходи од околу 2 милијарди евра.
Бројот на вработени на почетокот на октомври 2024 година достигна 225 лица.
Контакт: info.skopje@gerresheimer.com
Во фабриката во ТИРЗ Скопје 1 оваа компанија пресели дел од производството и технологијата од Германија, воведе нова технологија, поточно производствена линија за екструзија на монофиламенти, што е целосно нова област во портфолиото на компанијата.
Фирмата Ипротекс е формирана со седиште во Германија од 1999 година. Има 6 фабрики коишто се на 4 различни континенти, 2 продажни претставништва. Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, за технички текстил и термо изолациони материјали. Ипротекс во последно време работи на истражување и усовршување на нови техники за термо-техничка изолација на автомобилската индустрија, а во 2019 година е воспоставен нов договор со Европската вселенска агенција и со НАСА за изработка на обвивки за сателитските приемници на вселенските летала.
Контакт: contact@iprotex-nmk.com
Турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во февруари 2021 година, го потпиша договорот за државна помош за реализација на инвестиција во ТИРЗ Скопје 2.
Реализацијата на оваа инвестиција започна во 2019 година, а подготовка на земјиштето на 1 јули 2020 година и за период од 7,5 месеци завршени се 75% од изградбата на објектите. Површината на градежно земјиште под закуп за Пурпласт е 26.000 m2, во првата фаза се искористени 50% од земјиштето (Фаза 2 се очекува за 2025 година). Има вкупно 12.000 m2 затворена површина: административна зграда на 2 спрата со вкупно 1.600 m2 и производна сала, технички простории: вкупно 10.400 м2.
Компанијата Пурпласт е еден од локалните партнери на уште еден странски инвеститор во земјата, Ван Хол, а во портфолиото на нивните производи е големо и опфаќа производство на делови за ентериер (командна табла, навлаки, разделни ѕидови, тавански тапацир, рачки, волани), екстериер на комерцијални возила (браници, предна и задна маска, странични панели, кровни панели), како и производство на седишта (патнички вагони, градски автобуси и камиони).
Планираниот број на вработени во компанијата изнесува 300 лица. На почетокот на октомври 2024 година има 102 вработени.
Контакт: info@purplast.mk |
Во декември, 2014 година, компанијата ги објави своите планови за зголемување на производните капацитети во Европа преку својата инвестиција во Македонија. Според планот, компанијата започна со производство во октомври, 2016 година, како браунфилд инвестиција лоцирана во поранешен ЕМО, во Охрид во производствени погони од околу 25. 000 метри квадратни. Клиенти на Костал се познати светски автомобилски брендови како BMW, Daimler, Porsche, Tesla, Rolls Royce, Bentley.
На почетокот на октомври 2024 година вработени се 1124 лица.
Контакт: komak@kostal.com |
DURA Automotive Systems дизајнира и произведува иновативни високо интегрирани автомобилски компоненти за водечки производители на возила во Америка, Азија и Европа.
Во јуни, 2018 година Компанијата донесе одлука да го прошири своето производство со отворање на своја фабрика во Македонија, поточно во ТИРЗ Скопје 2, која се простира на површина од околу 20.000 m², a големината на парцелата изнесува 45 263 метри квадратни, каде се наоѓа фабрикатa за производство на алуминиумски надворешни делови.
ДУРА АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ Илинден имаше предвидено инвестиција од 20 милиони евра, при што досега има остварено 24 милиони евра. Бројот на вработени се очекува да достигне до 250, а на почетокот на октомври 2024 година бројот на вработените е 70.
Контакт: DuraMK@duraauto.com
Компанијата моментално е фокусирана на развој на пазарот во Македонија и во Балканскиот регион, а има за цел да соработува со меѓународни фармацевтски компании во областа на договорното производство.
АСПЕКТУС ФАРМА има национален GMP сертификат, фабриката се наоѓа во зоната ТИРЗ Скопје 1 и започна со работа во 2011 година на парцела со големина од 25.040 метри квадратни, при што во развојот на компанијата беа вложени повеќе од 10 милиони евра.
Бројот на вработени во октомври 2024 година е 33 лица.
Контакт: office@aspectus-pharma.mk
Паралелно, во ТИРЗ Штип, лоцирана е „Magna Mechatronics“, каде производот е автомобилска брава. Ова е значителна инвестиција вредна 40 милиони евра, која на почетокот на октомври 2024 брои 250 вработени, а се предвидува вработување на околу 600 лица.
Контакт: info.mk@magna.com
Текнопанел ќе инвестира 19,6 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1, на градежно земјиште со големина од 55.044 м². Според инвестицискиот план и финансиски проекции, Текнопанел ќе отвори 120 нови работни места, со очекуван вкупен извоз од над 170,5 милиони евра во следните 9 години. Во октомври 2024 година вкупниот број на вработени изнесува 46 лица.
Според проекциите, севкупниот план е инвестиција од 40 милиони евра во ТИРЗ Кичево и 600 нови работни места, а просечната бруто плата ќе изнесува 1500 евра. Дополнително оваа компанија планира да развие нова палета на производи кои ќе го прошират портфолиото на производи на АБЕЕ, а производствениот капацитет на компанијата ќе биде 300.000 единици годишно.
Авеста Батери и Енерџи Инженеринг во ТИРЗ Кичево ќе се фокусира на развој и производство на Батериски менаџмент системи (БМС) и системи за енергетска електроника.
Сегментот за придвижување е фокусиран на системи за погон, структурни системи и шасии, носачи на батерии и производство на батерии за глобалните електрични возила, како и за возила со традиционално напојување. Оперативно, мобилноста е организирана во три регионални групи: Северна Америка, Европа и Азија Пацифик и новата група производи Линамар Стрекчерс. Групацијата нуди конкурентни иновации за лесни, безбедносно битни компоненти и системи за глобалниот пазар на мобилност.
На пазарот во Македонија доаѓа во август 2023 година со преземање на сопствеништво на веќе постоечката фабрика на ДУРА Аутомотиве Стрекчерс во ТИРЗ 2 Скопје која произведуваше структурни компоненти, односно носачи на батерии за возила на електричен погон.
Компанијата во октомври 2024 година локално брои 193 вработени со погон со најсовремена технологија.
Контакт: info.structures.ilinden@linamar.com
Во септември 2023, БМЗ потпиша договор за инвестиција вреден 65 милиони евра, со што се предвидени 775 нови работни места во Технолошко Индустриската Развојна Зона Скопје 2. Со проектирањето на годишен извоз од над 360 милиони евра, во новиот капацитет, ќе се врши сериско производство на батериски производи, а вкупната инвестиција ќе се реализира во период од 10 години.
Изградбата на фабриката веќе е започната и планирано е да заврши најдоцна до Јуни 2025 година. Во октомври 2024 година вкупниот број на вработени изнесува 100 лица.
Контакт: info-mkd@bmz-group.com
ТАРИФНИЦИ
ПРАВИЛНИЦИ
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
КАКО ДО ОДОБРЕНИЕ
ВНЕСУВАЊЕ И ИЗНЕСУВАЊЕ НА СТОКИ
ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ
ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
ЈАВНИ НАБАВКИ
ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРИРОДЕН ГАС
ПОДНЕСОК ДО ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ
ПОПЛАКИ