ИТАЛИЈАНСКАТА „КОНДЕВО“ ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА ФАБРИКА ВО ТИРЗ ШТИП
Италијанската компанија „Кондево“ започна со изградба на фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Штип. „Кондево“ е лидер во производството на компоненти за бојлери и е добавувач на светски познати производители од оваа област.
Според најавите, инвестицијата е над 40 милиони евра и ќе отвори 250 нови работни места.