Иднината – дома
Кристина Порданова – Џонсон Мети
Високите стандарди во работата се резултати на воспоставени процеси и вредности. Кристина Порданова како член на тимот за Човечки ресурси во Џонсон Мети е горда на одличната тимска работа и проектот за Дуално образование кој го започнале и го водат. Воедно, ги поканува сите млади кои се амбициозни и сакаат раст и развој, да се приклучат на тимот и да го стекнат своето прво работно искуство во компанија која има голема визија. Во 2009 година, Џонсон Мети ја избра Македонија како дестинација за својата eвропска мега-фабрика за автокатализатори во конкуренција на 13 земји, меѓу кои и Чешка, Унгарија и Словачка. Фабриката на Џонсон Мети во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на Џонсон Мети во светот и воедно важи за најголем извозник од Македонија. Иницијалната инвестицијата изнесуваше €80 милиони, со над 350 вработувања.