МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА “PARTNERSHIP SUMMIT 2013” ВО ИНДИЈА

Македонска владина делегација во чиј состав беа министрите Бил Павлески и Неждет Мустафа, Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, Директорот на АСИПИРМ, Висар Фида и економскиот промотер за Индија и Малезија, Тони Атанасовски, присуствуваа на “Partnership Summit 2013” кој се одржа во Утар Прадеш, Индија.На самитот присуствуваа двеста компании од Индија и Југоисточна Азија, како и владини претставници на 56 земји во светот.Македонската делегација оствари средби со претставници на индиската влада, министри и со главниот министер на најголемата индиска држава, Утар Прадеш.