МАКЕДОНСКО ЕКСПО ЗА ПРОИЗВОДСТВО 2018
Со присуство на повеќе од 60 македонски компании, 35 странски купувачи и со 400 закажани директни средби меѓу компаниите, во хотелот Александар палас во Скопје се одржа втората меѓународна конференција Macedonia Manufacturing Expo (ММЕ). Конференцијата е во организација на Македонската асоцијација на метална и електро индустрија МАМЕИ и Делегацијата на германското стопанство во Македонија, а e кофинансирана од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Холандската амбасада и Преда Плус.Годинешново издание е засилено со партнерството со Германската асоцијација за менаџирање, набавување и логистика на ланци на добавување (БME) и присуството на голем број германски компании од секторот. Целта на настанот беше промовирање на потенцијалот на македонската лесна преработувачка индустрија и можностите за поврзување на македонските компании со глобалниот снабдувачки ланец на реномирани странски компании.
На настанот мегудругото панелист беше и Директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски кој ги објасни условите за инвестирање во Македонија, мерките кои Владата на Р. М ги превзема со цел поголем број на странски но и домашни инвеститори во зоните и секако условите и можностите на домашните компании да станат добавувачи на компаниите во зоните.