МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ПРОМОВИРАНИ ВО БЕРЛИН

Дирекцијата за ТИРЗ со свој штанд беше претставена на годинешниот Аutomobilwoche Kongress. Овој автомобилски саем се одржа на почетокот на октомври во Берлин, Германија, каде беа претставени инвестициските можности на земјата во секторот на автомобилската индустрија.

На конгресот учествуваа производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од Европа и светот. Претставниците на Дирекцијата остварија директни средби со повеќе претставници на компании од овој сектор. Аutomobilwoche е најголема платформа во Германија во чии рамки секоја година се собрани највлијателните компании од автомобилската индустрија од земјата и светот.