НОВАТА ФАБРИКА НА ЏОНСОН МЕТИ ВРЕДНА 60 МИЛИОНИ ЕВРА
Македонија е рангирана на високата 23. позиција од вкупно 185 земји во најновиот извештај „Дуинг бизнис“ за 2013 година објавен од Светска банка на 22.10.2012 година. Согласно извештајот Македонија останува лидер за водење бизнис во регионот и е на петто место во светски рамки според вкупните реформи од 2005 до 2012 година.Според извештајот на Светска банка Македонија е во групата земји далеку економски поразвиени од неа. Германија е на 20. место, а Јапонија е зад нас на 24-тото.Годинава според „Дуинг бизнБританската компанија „Џонсон Мети“ денеска ја почна изградбата на втората фабрика во Македонија вредна 60 милиони евра, која двојно ќе го зголеми производството и ќе отвори дополнителни 100 работни места.
– „Џонсон Мети“ е втората голема странска компанија која се решава за реинвестиција во Република Македонија. Тоа зборува за сигурност, за задоволство, за просперитет. Кога некоја компанија реинвестира во Македонија тоа значи дека е задоволна од почетната инвестиција, дека е задоволна од условите за работа, од комуникацијата со властите и од сите останати параметри што се потребни за добар бизнис, рече премиерот Никола Груевски, обраќајќи се пред присутните на денешното поставување на камен-темелникот на „Џонсон Мети“ во ТИРЗ Скопје 1.
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, истакна дека новата инвестиција на „Џонсон Мети“ е потврда дека во Македонија има плодна почва за водење бизнис.
Со новата фабрика „Џонсон Мети“ станува најголема гринфилд инвестиција со над 120 милиони евра и 500 вработени.
– „Џонсон Мети“ е присутен во Македонија од 2010 година и од тогаш има произведено 6 милиони катализатори по светски стандарди и е извозник број еден од Македонија, рече директорот за еколошки стандарди во „Џонсон Мети,“ Лари Пентц.
Според британскиот амбасадор во земјава Кристофер Ивон, соработката на „Џонсон Мети“ е пример како може да се одвива соработка меѓу Македонија и Британија и е пример кој треба да го следат и другите компании.
Се очекува инвестицијата да биде завршена во следните две години. Проширувањето е резултат на наглата побарувачка за софистицирани катализатори. Компанијата покрива една третина од глобалниот маркет на катализатори за лесни и тешки возила.ис“ сме далеку пред Словенија, која е на 35. место, Црна Гора е 51-ва, Бугарија 66., Турција 71., Романија 72., Грција 78., Хрватска 84., Албанија 85., Србија 86., а Бих е на 126-то место.Согласно Извештајот, Македонија бележи прогрес за 20 места во однос на приклучокот за електрична енергија, индикатор во кој лани бевме најлошо рангирани на 121-во место. „Дуинг бизнис“ лани ја рангираше Македонија на 22-та позиција од вкупно 183 земји.