НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА АМЕРИКАНСКАТА КОМПАНИЈА ЗА СИГУРНОСНИ ПРОИЗВОДИ JSS

Американската компанија за сигурносни производи ,,Џојсон Сејфти Системс ” (ЏСС) позната како поранешен „Ки сејфти системс” (КСС) го проширува своето производство во Европа со инвестиција во Македонија, а локацијата на фабриката е во градот Кичево.

Компанијата планира да почне на крајот на 2014 година со работа во постоечки објект како браунфилд инвестиција, а кон средината на 2015 година со производство на Гринфилд локација, при што се разгледува локација во Кичево. Во почетната фаза на инвестицијата ќе се произведуваат воздушни перничиња и ќе се креираат 800 до 1000 нови работни места .

ЏСС е светски лидер во дизајн, развој и производство на автомобилски сигурносни-критични компоненти и системи, вклучувајќи и механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси. Производите на ЏСС се дел од повеќе од 300 модели на автомобили произведени од страна на повеќе од 60 високо-диверзифицирани клиенти низ целиот свет. ЏСС е со седиште во Мичиген, САД со меѓународна мрежа од 29 продажни, проектантски и производствени капацитети кои вработуваат околу 9000 луѓе низ целиот свет. Компанијата има 5 главни технички центри лицирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореа.