Остварена средба со германската стопанска комора (АХК)
Во рамки на активната и континуирана соработка со германските компании, директорот Гоце Димовски денес оствари средба со Антје Ванделт, извршна директорка на германската стопанска комора (АХК). На средбата се разговараше за досегашните активности, предизвици, како и можностите за понатамошни заеднички проекти.
Директорот Димовски посочи дека Германија е еден од клучните партнери на Македонија и дека токму соработката со АХК е од особено значење за унапредување на целокупната економија. Тој истакна дека германските компании кои инвестираат во рамки на ТИРЗ придонесуваат за стабилен и долгорочен економски раст, отворајќи нови работни места со висока додадена вредност. Во таа насока, беше посочена и активната соработка на Дирекцијата со сите засегнати страни, со цел дополнително зголемување на интересот на инвеститорите.
Антје Ванделт ја потенцираше улогата на ТИРЗ како важна платформа за германските компании кои размислуваат за проширување или нови инвестиции во регионот. Таа истакна дека стабилната институционална поддршка, транспарентните процедури и отворениот дијалог се клучни фактори за градење доверба кај инвеститорите.
