Остварена средба со компанијата MG Precast
Директорот Гоце Димовски оствари средба со менаџментот на MG Precast, компанија за изработка на бетонски елементи. Средбата опфати дискусии со фокус на понатамошна соработка и разгледување на можностите за потенцијална инвестиција.
Директорот Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ во соработка со Владата, континуирано работи на привлекување инвестиции кои носат додадена вредност за националната економија, стабилни и квалитетни работни места и одржлив развој. Тој изрази задоволство од интересот на MG Precast, нагласувајќи дека институцијата останува посветен партнер во целиот процес, од иницијалните разговори до реализацијата на секоја инвестиција.
Даниел Ѓуриќ, директор на компанијата, ги презентираше тековните активности и постигнатите резултати, при што беше изразен интерес за проширување во регионот и искористување на стратешката позиција на државата како атрактивна дестинација за СДИ.
MG Precast е присутна на српскиот пазар од 2009 година. Компанијата нуди висококвалитетни, технички напредни решенија, создавајќи совршена рамнотежа помеѓу архитектонските и структурните аспекти. MG Precast нуди производи дизајнирани да овозможат најголем можен распон помеѓу носечките конструкциски елементи, а воедно да обезбедат исклучителен квалитет на истите. Префабрикуваните бетонски конструкции се состојат од елементи произведени од вибриран и претходно напрегнат бетон со различни димензии и профили, овозможувајќи реализација дури и на најсложените конструкции во согласност со каноните на архитектурата на префабрикувани конструкции.

