Остварена средба со претставници од амбасадата на САД во Македонија

Директорот Гоце Димовски оствари работна средба со Барнабас Биркленад, економски службеник и Арбен Гега, комерцијален специјалист во Амбасадата на САД во Македонија. На средбата се разговараше за тековните активности, како и за можностите за продлабочување на соработката во насока на привлекување нови инвестиции и унапредување на деловната клима во земјата.

Директорот Димовски ја нагласи важноста од континуираната поддршка и партнерството со Амбасадата на САД, истакнувајќи дека американските инвестиции претставуваат значаен двигател на економскиот развој, отворањето нови работни места и трансферот на знаење и технологии.

Претставниците на амбасадата ја поздравија досегашната соработка и изразија подготвеност за натамошно унапредување на партнерството, особено во делот на поддршка на иницијативи кои придонесуваат за економски раст, иновации и зголемување на конкурентноста на македонската економија.