Остварена средба со Фондацијата за демократија на Вестминистер (ВФД)
Во насока на спроведување на програмата „Системски пристап кон циркуларната миграција и економски инвестиции“, поддржан од Шведска, директорот Гоце Димовски оствари средба со Петар Трајков и Стефани Спировска, програмски менаџери во Фондацијата за демократија на Вестминистер (ВФД). Средбата опфати дискусии за поддршка и развивање на потенцијалот за реинвестирање на дијаспората во земјата, односно во рамки на зоните.
Директорот Димовски ја истакна важноста на воспоставување одржливи механизми за поврзување на дијаспората со домашната економија, при што посебен акцент беше ставен на креирање поволни услови за реинвестирање, трансфер на знаења и вештини, како и поттикнување долгорочни партнерства. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ, во соработка со владата, активно работи на создавање поволни услови за сите инвеститори и дека токму ТИР зоните претставуваат конкретна и сигурна платформа за реализација на ваквите иницијативи.
Од страна на Петар Трајков и Стефани Спировска, беше изразено задоволство за средбата, со очекување на успешна натамошна соработка. Тие ја потенцираа потребата од континуирана координација помеѓу сите засегнати страни, со цел креирање одржлива рамка која ќе овозможи долгорочни ефекти врз економскиот развој и подобро искористување на потенцијалот на дијаспората.
Инаку, Фондацијата за демократија на Вестминистер (ВФД) е водечка организација за поддршка на демократијата во Велика Британија, која работи на зајакнување на демократското управување низ целиот свет преку програми, експертски насоки и истражувања.

