Директорот Димовски на работна средба со Владата и Советот на странски инвеститори во Стопанската Комора

Директорот Димовски денес присуствуваше на првиот квартален состанок за 2026 година на Советот на странски инвеститори со претседателот на Владата и економскиот тим на Владата, во Стопанската Комора, каде се разговараше за потребите, предизвиците и можностите за подобрување на бизнис климата во државата.

На средбата беа разменети мислења и конкретни предлози за натамошно подобрување на деловното опкружување, зголемување на конкурентноста на националната економија, како и зајакнување на соработката помеѓу институциите и странските компании кои веќе инвестираат во државата.

Од страна на Советот на странски инвеститори, беше презентирана анкетата спроведена од страна на Советот, која покажа дека 55% од странските компании дале позитивна одлука за реинвестирање, што е зголемување за 13% во однос на минатата година, што покажува значително зголемување на процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција. Дополнително, беше разговарано и за активностите во однос на утврдување на упатство за униформни оправдани инвестициски трошоци за сите инвеститори, без разлика на локацијата на инвестирање во рамки на државата.

Директорот Димовски истакна дека континуираниот дијалог со инвеститорите е клучен за создавање стабилна и предвидлива бизнис средина, нагласувајќи дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои придонесуваат за економски раст, отворање нови работни места и трансфер на современи технологии.