Република Северна Македонија

Дирекција за технолошки
индустриски развојни зони

Остварена средба со Хајделберг Индустриал Солушнс

Остварена средба со Хајделберг Индустриал Солушнс

Во рамки на новиот инвестициски проект на германската Хајделберг Индустриал Солушнс, директорот Гоце Димовски денес оствари средба со Лукас Муехрингер, управител на компанијата. На средбата се разговараше за текот на проектот, планираните активности и следните чекори за негова реализација.

Директорот Димовски ја истакна важноста на редовната комуникација и соработката со странските инвеститори, нагласувајќи дека отворениот дијалог е еден од приоритетите на Дирекцијата. Притоа, тој истакна дека инвестициите од ваков тип имаат значајна улога во унапредувањето на економскиот развој на земјата, привлекувањето нови инвестиции и создавањето можности за развој на целокупната економија. Тој посочи дека преку партнерскиот пристап и редовната комуникација со инвеститорите, Дирекцијата останува посветена на создавање услови за успешна реализација на инвестициските проекти и нивен долгорочен придонес кон економијата.

Од страна на Лукас Муехрингер, беа споделени информации за тековните активности, очекувањата од инвестицијата и плановите за наредниот период, при што беа разменети мислења за нејзиното значење за понатамошниот развој на компанијата и можностите што ги отвора нејзиното присуство во земјава.

На средбата беше потврдена важноста на континуираната соработка и координација меѓу компанијата и Дирекцијата за ТИРЗ, со цел ефикасно спроведување на планираните активности и успешна реализација на инвестицискиот проект.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости• Соопштенија
Остварена средба со комапнијата Кемет