Остварена средба со Хе Бингхуа, економски и комерцијален советник на амбасадата на Кина

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес имаше успешна средба со Хе Бингхуа, економски и комерцијален советник на кинеската амбасада и Џенџен Јан, секретар. Со цел зголемување на билатералната соработка, претставниците на кинеската амбасада детално беа запознаени со условите за инвестирање во рамките на ТИРЗ, како и тековните активности во насока на привлекување нови инвестиции. Директорот Димовски ги презентираше активностите на Дирекцијата, при што ја нагласи посветеноста на привлекувањето квалитетни инвестиции со додадена вредност кои позитивно ќе влијаат на целокупната економија.

Од страна на претставницитена амбасадата беше изразено задоволство за средбата, со очекување за понатамошна успешна соработка и нови директни инвестиции од Кина.

Со цел да им се помогне на кинеските инвеститори да го разберат пазарот и можностите за инвестирање во Македонија, економскиот и комерцијален советник Хе Бингхуа, ја изрази подготвеноста на кинеската амбасада за унапредување на економските врски меѓу двете земји, истакнувајќи дека Кина гледа потенцијал во македонскиот пазар и поддржува иницијативи кои ќе придонесат за стабилен и одржлив економски раст.