Остварена успешна средба со Боми 10 Логистик

Директорот Димовски денес оствари средба со претставник на Боми 10 Логистик, една од водечките логистички компании во Македонија. Во рамки на средбата беше разговарано за досегашната соработка, како и предизвиците и плановите за идно унапредување на логистичките процеси во ТИРЗ.

Димовски истакна дека логистичките компании, како што е Боми 10 Логистик, играат клучна улога во поддршката на компаниите кои оперираат во рамки на зоните. Тој подвлече дека ефикасната логистика е основен предуслов за конкурентност и развој на производните капацитети.

Претставникот на Боми 10 Логистик ја истакна важноста на соработката со ТИРЗ, нагласувајќи ја посветеноста кон создавање поголема ефикасност и одржливост во логистичките операции. Тој ја потенцираше заложбата на компанијата за поддршка на растот на компаниите, сѐ со цел да обезбедат логистичка инфраструктура која ќе одговори на потребите на современиот пазар.

Инаку, Боми 10 Логистик е една од водечките логистички компании во Македонија која обезбедува интегрирани решенија во областа на транспортот, логистиката, шпедицијата, складирањето и дистрибуцијата.