ПОКАНА ЗА ДЕЛОВНИ СРЕДБИ СО КАНАДСКАТА КОМПАНИЈА „МАГНА“

Асоцијацијата на автомобилската индустрија во рамките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони на РМ, ве поканува да земете учество на билатералните деловни средби со претставници на реномираната мултинационална компанија од автомобилскиот сектор Magna International Inc. од Канада.

Magna International Inc. е водечки глобален автомобилски производител со над 309 производни операции, центри за истражување и развој, инженеринг и продажни места, трговски центри во 29 земји со повеќе од 152.000 вработени (повеќе информации на веб-страната: http://www.magna.com).

Тимот за набавки на Magna International Inc. во наредниот период ќе ја посети Република Македонија со цел да се запознае со потенцијалите на македонските производители од автомобилската индустрија и преку директни средби со локалните компании да ги процени можностите за нивно вклучување во глобалниот синџир на добавувачи.

Придобивките од потенцијалната соработка се значајни за двете страни. Во потрага по врвен квалитет и оптимизација на трошоците и условите за испорака, Magna International Inc. врши континуирано проширување на базата на снабдувачи. За домашните компании ова е можност за проширување на пазарите и зголемување на производството, преку истовремено унапредување на сопствената технологија, знаењa и вештини.

Билатералните деловни средби ќе се одржат на 20.9.2016 година (вторник), со почеток во 9:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат и сала 53 на 4-ти кат. Ве молиме потврдете го вашето учество најдоцна до 5.9.2016 година (понеделник).

Поканата за настанот можете да ја најдете на овој линк.