Претставена студијата „Подобрување на Бизнис Климата – Поттикнување на Инвестициите“
Директорот Гоце Димовски денес присуствуваше на презентација на студијата „Подобрување на Бизнис Климата – Поттикнување на Инвестициите“, изработена по нарачка на Германското Сојузно Министерство за економија и енергија. Настанот беше отворен од страна на Антје Ванделт, директорка на Германската стопанска комора (АХК), премиерот Христијан Мицкоски, Петра Дрекслер, амбасадорката на Сојузна Република Германија, како и Рикардо Гучи, шеф на германскиот економски тим.
Студијата ги анализираше тековните предизвици и можности во деловното опкружување и понуди конкретни предлози за реформи со цел создавање поатрактивна и предвидлива економска средина за домашни и странски инвеститори. На настанот беше потенцирано дека стабилната и транспарентна регулаторна рамка, ефикасната администрација и развиената деловна инфраструктура се клучни предуслови за забрзан економски раст и отворање нови работни места.
Во рамки на настанот, директорот Димовски посочи дека соработката со Германија преку вакви проекти е од големо значење за зголемување на конкурентноста на македонската економија. Тој ги истакна активностите на Дирекцијата, насочени кон унапредување на институционалната рамка и креирање на политики што ќе овозможат зголемена доверба на странските инвеститори.
Настанот обезбеди форум за конструктивен дијалог помеѓу институциите и деловната заедница, при што повеќе министри, претставници на државни органи, стопански комори и компании разменија искуства и предлози за унапредување на деловната клима. Во фокус беа мерките за олеснување на процедурите, предвидливост на политиките и дополнителна поддршка за компании кои инвестираат во иновации, извоз и високо додадена вредност.





