РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ЗА НАГРАДА НА FDI’S GLOBAL FREE ZONES OF THE YEAR 2019 AWARDS

Слободните зони во Република Северна Македонија – ДТИРЗ добија признание за награда на ФДИ за глобални слободни зони за 2019 година. Оваа награда е доказ за високите стандарди на Владата на Република Северна Македонија и нејзиниот економски тим, со цел да воспостават подобри услови за поттикнување на нови инвестиции и проширување. Признанијата за наградите на слободните зони во Република Северна Македонија се за следниве категории:

  • Академска соработка
  • Проширување
  • Подобрување на инфраструктурата
  • Нови инвестиции и
  • Развој на вештини.
    ФДИ наградите на годината за глобални слободни зони ги признаваат најперспективните слободни зони, каде вкупно 85 апликации беа примени од слободни зони низ целиот свет. Комисија на судии ги анализира сите апликации и ги номинира за соодветни награди.

Целиот извештај може да го превземете овде: https://www.fdiintelligence.com/Locations/Europe/Poland/fDi-s-Global-Free-Zones-of-the-Year-2019-the-winners