САМИТ ЗА СЛОБОДНИ ЕКОНОМСКИ ЗОНИ ВО МАЛЕЗИЈА

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ТИРЗ ВО МАЛЕЗИЈА​​
Од 25-27 март 2013 година во Куала Лумпур, Малезија се одржува вториот Глобален саем и самит за слободни економски зони. Овој меѓународен настан на кој присуствуваат повеќе од 450 делегати и изложувачи од Азија, Европа, Америка и Африка е фокусиран на стратешкиот и одржлив развој на меѓународната слободна трговија и развојот на специјалните економски зони во светот. На настанот како панелисти учествуваат претставници на едни од најразвиените специјални економски зони во светот и тоа од Малезија, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Индија, Оман, Јужна Кореја и многу други, како и високи претставници на World Bank, PWC, Site Selection, fDI Intellegence и други консултантски куќи и реномирани медиуми од инвестицискиот сектор. Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо и претставници на Дирекцијата земаа учество на овој настан при што преку директни контакти на поединечни средби ги презентираа Технолошко-индустриските развојни зони на Република Македонија. Покрај презентирањето на можностите за директно инвестирање во зоните, беше разговарано со приватни оператори на зони од Индија, ОАЕ, Кореја и Малезија како можни партнери за развој и управување на некои од зоните во Македонија. Неколку од нив изразија спремност за посета на Македонија и разгледување на зоните поради постоечката потреба на нивните клиенти за проширување на бизнисот и операциите во Европа. Во рамките на самитот делегацијата на Дирекцијата за за технолошко-индустриски развојни зони ќе оствари посета на Специјалната економска зона Искандар Малезија во која Владата на Малезија досега има инвестирано повеќе од 2 милијарди американски долари и претставува најголем инвестициски проект во регионот. Глобалниот саем и самит за специјални економски зони претставува огромна можност за директно поврзување на водечките меѓународни инвеститори и производители со глобалните инвестициски дестинации како и со владите и владините институции кои оперираат со специјалните економски зони