СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ ВО РАБОТА НА ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКА РАЗВОЈНА ЗОНА ,,ШТИП,,
На 23 август 2013 година, Премиерот Никола Груевски, Вицепремиреот и Министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на ТИРЗ Викор Мизо и градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев, свечено ја отворија ТИРЗ ,,Штип,,
Премиерот Груевски истакна дека од свеченото поставувањето на камен-темелникот во 2010 година, ТИРЗ ,,Штип,, сега е подготвен да ги пречека сите заинтересирани потенцијални инвеститори. Верувам дека наскоро голем број фабрики ќе бидат изградени во зоната, што ќе значи многу нови работни места и значителен придонес за развојот на источна Македонија- додаде Премиерот.
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо истакна дека после ТИРЗ Скопје 1, каде се лоцирани преработувачки капацитети на мултинационални компании, ТИРЗ ,,Штип,, е втората целосно оперативна технолошка индустриска развојна зона, која е инфраструктурно подготвена да биде домаќин на компании од високо-технолошките преработувачки индустрии, дејностите на истражување и развој и развој на информациона технологија. На површина од 206 хектари во ТИРЗ ,,Штип,, има 37 парцели. Американската компанија Џонсон Контролс е првиот инвеститор во зоната, но очекувам набргу 36 парцели да прераснат во 36 фабрики.- додаде Мизо.
ТИРЗ ,,Штип,, има патна поврзаност со Скопје и Кочани преку магистралниот пат М5 на 2,5 km оддалеченост се наоѓа железничката станица Штип, преку магистралниот пат М6 е поврзана со планираниот карго аеродром во Штип ,најблискиот меѓународен аеродром е Александар Велики во Скопје на 75km од локацијата, додека на оддалеченост од 225 km е најблиското солунско пристаниште.
Освен технолошко индустриските развојни зони во Скопје 1 и 2, Штип и Тетово, планирани се зони и во Струмица, Радовиш, Делчево Виница, Берово, Прилеп, Кичево, Гевгелија…